Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Прилози

122 години од смртта на Гоце Делчев: Неговата смрт нека служи за раѓање на нови јунаци кои ќе се борат за македоската слобода

122 години од смртта на најголемиот македонски револуционер и национален херој Гоце…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

122 години од смртта на најголемиот македонски револуционер и национален херој Гоце Делчев. Неговата смрт нека служи за раѓање на нови јунаци кои ќе се борат за македоската слобода, порача поглаварот на МПЦ, господин господин Стефан од вечното почивалиште на Делчев во црвката Свети Спас.

-Учителот Гоце го дал својот живот за како што семето кое што ќе биде фрлено на земјата умира за да роди нов плод, така и неговата смрт да послужи како семе за раѓање на нови јунаци за македонската слобода. Затоа, возљубени никогаш, никако да не дозволиме да ни избледат сеќавањата за гоцевите дела, порача поглаварот на МПЦ.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека четври мај не потсетува на тоа колкав титан имал македонскиот народ, кој што имал не само локално, туку и многу пошироко значење.

Реклама

-Неговата борба за Македонија, неговата хуманост, неговото дело се безвременски и така и ќе останат за генерациите кои што следат. Оваа генерација политичари во македонската Влада имаат чест да го пренесат сеќавањето на неговото дело на оние генерации кои што следат, но истовремено и достојно да го чуваат и негуваат, изјави Мицкоски.

Освен премиерот, пред гробот на македонскиот револуционерен великан се поклонија и претседателката Гордана Сиљановска Давкова, министрите за внатрешни работи и образование Панче Тошковски и Весна Јаневска и други политички претставници. Силјановска Давкова порача дека Гоце Делчев беше и ќе биде дел од нас, од нашата историја, сегашност и иднина.

-Денот на смртта на најмаркантната и најсветлата фигура на македонското револуционерно национално дело, втемелувачот на македонскиот републиканизам, апостолот на ВМРО, учителот Гоце Делчев, нè потсетува на жртвата којашто нашите предци ја дале за македонскиот народ да живее во сопствена држава за да може културно да се натпреварува со другите народи, порача Силјановска Давкова.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче вели дека треба да ги имплементираме пораките на Делчев, како што е визијата за слободна и независна Македонија, посебно сега во време кога доминира технологијата.

-Ако Гоце Делчев кажал дека сме поделени како нација, ние тоа го сведочиме и денеска после повеќе од еден век, ако Гоце Делчев кажал дека светот треба да се разбере како поле за културен натпревар на народите, треба да работиме во таа насока, а не младите да го сфаќаат светот како поле за карта во еден правец, изјави Филипче.

Во чест на Гоце Делчев денеска беше одржана панихида од Македонската православна црква и повеќе делегации положија свежо цвеќе.

Матеја Петровски