Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

113 нови случаи на ковид-19, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1543…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-1, Битола-7, Охрид-6, Гостивар-15, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Валандово-1, Виница-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 259 оздравени пациенти од: Скопје-103, Куманово-13, Дебар-1, Штип-75, Тетово-31, Битола-2, Кавадарци-2, Гостивар-19, Кочани-2, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Кратово-2, Свети Николе-4, Ресен-2.

Починати се 6 лица, три пациенти од Скопје (64г., 22г. и 83г.), пациент од Куманово (72г.), пациент од Струга (48г.)и пациент од Охрид (75г.). Пет пациенти се починати во болнички услови, еден вонболнички.

Реклама

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11399, бројката на оздравени пациенти е 7480, на починати е 517, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3402. Денес се евидентираат три контролни теста. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 5000, активни 1231

• Куманово 1114, активни 260

• Дебар 208, активни 117

• Штип 910, активни 381

• Прилеп 337, активни 47

• Тетово 1071, активни 186

• Струга 470, активни 187

• Велес 227, активни 22

• Битола 153, активни 71

• Охрид 288, активни 80

• Кавадарци 83, активни 61

• Гостивар 513, активни 283

• Гевгелија 23, активни 12 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)

• Струмица 39, активни 23

• Крива Паланка 25, активни 11

• Радовиш 29, активни 16

• Крушево 16, активни 8

• Кочани 108, активни 20

• Пробиштип 58, активни 21

• Демир Хисар 36, активни 27

• Македонски Брод 42, активни 36

• Пехчево 6, активни 0

• Берово 8, активни 4

• Валандово 7, активни 1

• Виница 26, активни 22

• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 14, активни 5

• Свети Николе 230, активни 130

• Кичево 179, активни 109

• Ресен 146, активни 19

• Неготино 28, активни 8 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1543 теста се преку: ИЈЗ-591, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-166, Биотек-195, МАНУ -133, Жан Митрев (Филип Втори)-202, Систина со PCR метода -161, Судска медицина -10, ЦЈЗ Битола-43, Инфективна клиника-9, ГАК-9. Досега во земјата се направени вкупно 109946 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 83 пациенти. На кислородна поддршка се 49 пациенти, 1 на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 78 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 30, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 120 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 164

• Аеродром – 139

• Бутел – 80

• Гази Баба – 121

• Центар – 101

• Карпош – 110

• Сарај – 54

• Кисела Вода – 129

• Ѓорче Петров – 88

• Студеничани – 42

• Шуто Оризари – 100

• Арачиново – 21

• Илинден – 22

• Петровец – 17

• Чучер Сандево – 8

• Сопиште – 20

• Зелениково- 6

• Странец – 4

• Нераспределен – 5