Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

📹 Интензивно се работи на изградбата на автопатот Прилеп–Битола

Градежната офанзива за осовременување на патиштата ширум државава, се интензивира и на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градежната офанзива за осовременување на патиштата ширум државава, се интензивира и на автопатот Прилеп-Битола. На главниот пелагониски патен „крвоток“, во моментов, се работи на т.н. Секцијата 4, односно на 10-тиот километар од 41 километри долгата траса, која опфаќа и 10 моста, 16 надвозници и 6 подвозници.

  „Проектот вклучува повеќр од 5 милиони кубни метри ископ и речиси 4 милиони кубни метри насипен материјал. Во моментов имаме пристап за градежни активности на приближно 10 километри, со работни фронтови кои се шират кон Прилеп и Битола“, – изјави Џошуа Бејкер – проект-менаџер од „Бехтел и Енка“.

   Завршувањето на оваа автопатска делница, на Пелагонија ќе и’ донесе значително скратено и безбедно патување, особено што овој регион со години беше сообраќајно „слепо црево“ кое негативно се одразуваше, како на севкупниот економски развој, така и на сообраќајната безбедност, сметаат градоначалниците од Прилеп, Битола и Могила кои денеска извршија увид во градежните работи. 

Реклама

 „Оваа инфраструкрура не значи само дел од Коридор 10Д, туку е и од огромно значење за напредокот во Пелагонскиот регион со поврзување на Прилеп-Битола и сите соседни населени места со тоа што ќе им овозможиме побрз пристап на селата кон градовите. Исто така, со реализирање на овој проект, нашите потенцијални инвеститори, кои што сакаат да инвестираат во Пелагонискиот регион, ќе имаат побрз и побезбеден пристап до нашите индустриски зони“, – кажа Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

  „Тука, на 15-тина километри од Битола е и Грција, нашиот европски сосед, и ако на ова се надоврзе она што ЈПДП го планира – од петлата Могила, со негде 17 км, нов спој со границата со Грција, тоа уште повеќе ја зголемува вредноста на овој автопат“, – посочи Тони Коњановски, градоначалник на Битола.

 „Патувањето кое ќе се скрати за Битола е едно од бенефитите, но еве морам да напоменам за Могила, на само 5 км од првата клучка имаме Индустриска зона која веќе 80 посто е распродадена, тоа е еден импакт за економскиот развој“, – рече Слободанчо Саботковски, градоначалник на Могила.

И покрај проблемот соекспропријацијата, присуството на стари експлозивни средства и археолошките наоѓалишта долж трасата, очекувањата на „Бехтел и Енка“ се дека овој проект ќе биде завршен согласно Договорот, односно до 2027 година.