Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

🎥 Ангелов: Повеќето пожари во Македонија се намерно подметнати!

Ја разбирам паниката меѓу граѓаните, но таа е наш непријател и може…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ја разбирам паниката меѓу граѓаните, но таа е наш непријател и може да предизвика носење лоши одлуки. Апелирам граѓаните да ги слушаат локалните или националните авторитети. Како држава имаме контрола над сите ресурси, и локалните и националните. Ресурсите нема никогаш да бидат доволни, но ние оптимално ги распоредуваме, каде што е непходно. Наш критериум број еден во справувањето со пожарите се човечките животи, а потоа е и имотот на луѓето, рече денеска раководителот на Главниот штаб за управување со кризи и директор на ДЗС Стојанче Ангелов.

Видеото може да го погледнете на следниот линк:

Тој на прес-конференција информира дека денеска се регистрирани вкупно 15 пожари на отворено, од кои девет се активни, а шест се ставени под контрола. Се уште најтежок за гаснење е пожарот кај Готен, но тешки се и оној над селото Ќосевица кај Македондска Каменица, каде делумно е зафатена борова шума и има капацитет да се равзие, како и пожарот во Чашка кај селото Ореше каде гори ниска вегетација, но, и букова шума.

Реклама

Ангелов соопшти дека пред малку Словенија и Франција испратиле понуди за помош од тимови со по 50 пожарникари и специјални возила за гаснење пожари. Понудите се разгледуваат и дополнително ќе се одлучи како ќе се постапи.

-Температурите иако се намалија, се уште се погодни за пожари. Граѓаните да бидат исклучително внимателни и да го пријават секое сомнително поведение, порача Ангелов.

Вчера имало најмалку 51 пожар на отворен простор. Бројката, оцени директорот на ДЗС, е алармантна, а причините се веќе спомнати во повеќе наврати.

-Дел од пожарите се предизвикани поради небрежност на граѓани, но за повеќето имаме индиции, па и докази дека се намерно подметнати. Мотивите се различни, економско-криминални. Некој се надева дека ќе може да ја сече изгорената шума. Постојат и патолшки мотиви – пиромани, но тие не би запалиле оган до населено место каде би биле видени, фатени, снимени,… Дел од подметнувањата се во делови со неквалитетна шума и тука нема логично објаснување, па за мотивите може да се претпоставува, рече Ангелов.