Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Свет

Ќе има ли договор за мир на Блискиот Исток? САД и Иран ги почнуваат преговорите во Исламабад

Вниманието на светската јавност е насочено кон Исламабад, Пакистан, каде денеска започнуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вниманието на светската јавност е насочено кон Исламабад, Пакистан, каде денеска започнуваат преговорите меѓу САД и Иран, од чиј исход ќе зависи иднината на Блискиот Исток.

Американската делегација ја предводи потпретседателот Џеј Ди Венс, заедно со специјалниот претставник Стив Виткоф и Џаред Кушнер. Иранската делегација во Исламабад брои 71 член, а ја предводат претседателот на парламентот Мохамед Бакер Калибаф и министерот за надворешни работи Абас Арагчи.

Уште пред почетокот на средбата, Доналд Трамп се закани дека САД се подготвени за нови напади доколку преговорите не доведат до конечен договор.

Реклама

„Сè започнуваме од почеток. Ги полниме бродовите со најдобрата муниција и со најмоќното оружје некогаш направено. Ако нема договор, ќе го употребиме многу ефикасно“, изјави Трамп.

Техеран, пак, не очекува значителен напредок од разговорите.

„Имаме добри намери, но не веруваме. Нашето искуство во преговорите со Американците отсекогаш било обележано со неуспеси и прекршени ветувања“, изјави Абас Арагчи, министер за надворешни работи на Иран.

И покрај ваквите пораки од двете страни дека нема да има поместување на позициите, аналитичарите сметаат дека ситуацијата е поинаква и дека и Техеран, а особено Вашингтон, имаат интерес од деескалација на конфликтот.

Во меѓувреме, израелската армија продолжува со нападите врз Либан. Иако следната недела Израел и Либан треба да започнат официјални мировни преговори, Хезболах порача дека ќе продолжи со борбите, додека израелските власти отфрлаат какво било враќање на претходната состојба додека трае конфликтот.