Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Македонија

Љутков: Скопје 2028 ќе биде креативен момент во кој нашиот главен град ја претвора културата во најсилен дипломатски јазик

Убеден сум дека Скопје – културна престолнина на Европа за 2028  ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Убеден сум дека Скопје – културна престолнина на Европа за 2028  ќе биде оној креативен момент во кој нашиот главен град ја претвора културата во свој најсилен дипломатски јазик, своја најпрепознатлива европска биографија и своја најдолготрајна иднина, истакна министерот за култура и туризам Зоран Љутков вечерва на панел-дискусија во рамки на 4. Форум за културна дипломатија во Музејот на Град Скопје.

Како што рече, Европа денес не бара градови што ќе организираат само културни настани и фестивали, на Европа и се потребни градови што умеат да артикулираат визија за заеднички живот, градови што можат да ја претворат културата во јавна вредност, а различноста во општествен капитал.

-Нашето Скопје, како ниту еден друг град во окружувањето, има редок потенцијал токму за таков исчекор. Овој град историски претставува пресек на повеќе културни, јазични и цивилизациски слоеви. Тој не е еднодимензионален културен простор, а неговата автентичност произлегува токму од неговата сложеност . Во современата културна дипломатија, токму таквите градови имаат најголема вредност, бидејќи тие не нудат едноставна слика за себе, туку манифестираат способност да создадат дијалог помеѓу различни традиции, искуства и идентитети, рече министерот за култура и туризам. 

Реклама

Според него, Скопје – културна престолнина на Европа за 2028 треба да се разбере како можност за нов културен наратив на зрела културна самосвест, додавајќи дека најуспешните културни политики во Европа денес не се оние што создаваат спектакл, туку оние што создаваат културна инфраструктура на доверба: меѓу институциите и граѓаните, меѓу локалното и европското, меѓу традицијата и современоста. 

-Градовите што инвестираат во култура, всушност инвестираат во сопствената интелектуална иднина, а културната дипломатија, во својата најдлабока смисла, е токму тоа  – процес преку кој една заедница станува препознатлива не само по тоа што произведува, туку и по тоа како мисли, како комуницира и какви вредности испраќа кон светот, истакна Љутков. 

„Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“ е темата на 4. Форум за културна дипломатија „Скопје 2026“, кој свечено беше отворен денеска, во  организација на Кабинетот на поранешниот претседател на Македонија Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите од Скопје и Институтот за културна дипломатија од Берлин, со поддршка на Министерството за култура и туризам и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

На Форумот учествуваат дипломати, политичари, експерти, уметници и јавни личности од Македонија, САД, Германија, Франција, Унгарија, Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора.