Реклама

Директорот на Агенцијата за иселеништво Ангелов: Дијаспората бара електронско гласање

Откриена гробница стара од 4–6 век во близина на Баргала

Нова средба, но без решение: Изборните правила остануваат блокирани во Собранието

Скопје наликува на метропола – граѓаните задоволни од начинот на кој Ѓорѓиевски се фати во клинч со проблемите

Сите аргументи покажуваат дека онлајн или гласањето по пошта е решение кое ќе го подобри изборниот процес

ФЗОМ најави поевтини антикоагуланси и построги правила за препишување

Храната поевтина 1,1%, транспортот за 1,6% – месечната инфлација во негатива, мерките на владата дадоа резултат

Од ривал до сојузник- Герасимовски како можно преодно решение на Филипче за смирување на страстите во СДСМ?

Богдановиќ гостин во вестите на Алфа: Филипче и неговите најблиски продолжуваат да го потонуваат СДСМ под дното.

Бесплатна правна помош – слаба информираност, мала искористеност

Повеќе од 250 хектари земјоделско земјиште изгореа во пожарот во Пробиштип

МВР работи на механизам – казни од „Сејф сити“ и за странските возила

Македонија

ЈП Комунална хигиена-Скопје: За шест месеци подигнати и транспортирани 82 296 тони комунален отпад

Во периодот јануари-јули 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во периодот јануари-јули 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа вкупно 82 296 тони мешан комунален отпад од домаќинствата и стопанските субјекти на територијата на градот Скопје.

Отстранети се и 14  535  кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад  – 2385 кубни метри, е подигнато во општината Центар.

ЈП Комунална хигиена-Скопје соопшти дека продолжува со одржување на јавната хигиена на скопските булевари и улици преку машинско миење со употреба на автоцистерни, што се реализира во доцните вечерни часови. Секојдневно, во три смени, се спроведува миење и метење на плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија. 

Реклама

Во текот на изминатите шест месеци, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви вкупно 274 записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно  одлагање на отпадот. Записниците за прекршителите на Законот за јавна чистота беа врачени во следните општини:

1. Општина Чаир – 148 записници

2. Општина Карпош – 21 записници

3. Општина Аеродром – 30 записници

4. Општина Центар – 18 записници

4. Општина Ѓорче Петров – 16 записници 

5. Општина Гази Баба – 35 записници

6. Oпштина Кисела Вода – 5 записника

7. Oпштина Бутел – 1 записник

ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше и низа еко-предавања и работилници во скопските основни училишта и предучилишни установи. Преку овие активности, вкупно 747 најмлади жители на нашиот град се едуцираа како правилно и совесно да постапуваат со својот отпад и колкаво е значењето на неговата примарна селекција.