Реклама

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Македонија

Јанев од Кочани: Бегството од полициската станица е недозволиво, ќе има одговорност за сите пропусти

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, денеска го посети…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, денеска го посети Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кочани, каде што одблиску се информираше за сите околности поврзани со бегството на лице од полициската станица – инцидент што, како што оцени, сериозно ја нарушил довербата на граѓаните во полициската служба.

-Попладнево сум во Кочани со дел од мојот тим, лично да се информирам за сите детали и околности поврзани со настанот од петокот, кој сериозно ја наруши довербата во полициската служба.  Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности и преземање на соодветни мерки, напиша Јанев на Фејсбук.

Тој порача дека ова е недозволиво и доколку се утврди намерно постапување, помагање, прикривање или несовесно извршување на службените задачи, ќе има одговорност.

Реклама

-Внатрешната контрола, со поддршка на колегите од неколку централни оддели во БЈБ, веќе постапува и ги проверува сите околности и инволвирани лица. Секој кај кого ќе се утврди пропуст или вина ќе биде соодветно санкциониран. Очекувам целосна професионалност и непристрасност во целиот процес. Локални шерифи нема да постојат. Никој кој свесно или несовесно дозволил нарушување на законот и службените процедури нема да биде поштеден од одговорност, нагласи Јанев.

Јанев изрази разочараност што повторно се случуваат настани кои ја нарушуваат довербата на јавноста и ја засенуваат работата на мнозинството чесни и професионални полициски службеници, особено во регионот за кој, како што рече, верувал дека ги извлекол потребните поуки од минатото.

-Искрено, особено за овој регион, мислев дека лекцијата е научена. Но, повторно се соочуваме со постапки кои ја нарушуваат довербата на граѓаните и ја засенуваат работата на мнозинството чесни и професионални полициски службеници. Во тек е темелна проверка и ќе следуваат јасни мерки за секој што го прекршил законот, процедурите или довербата што му е дадена. И граѓаните и јас сме разочарани од несовесното и неодговорно работење.
Пораката е јасна: законот мора да важи еднакво за сите.  Криминалците ќе бидат пронајдени, а секој што помогнал, дозволил или премолчел незаконско постапување ќе сноси одговорност, потенцира Јанев.