Реклама
Македонија

Ѓурѓај на прием кај поглаварот на ААПЦ, г.г. Јоан

Претседателот на македонското друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај денеска оствари средба со поглаварот на Албанската автокефална православна црква, архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, г.г. Јоан.  -Големо задоволство беше да се сретнам со г.г. Јоан, што е наша прва средба по неговиот избор. Во пријателски и срдечен разговор беше изразена заедничка подготвеност за унапредување на соработката, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на македонското друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај денеска оствари средба со поглаварот на Албанската автокефална православна црква, архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, г.г. Јоан. 
 
-Големо задоволство беше да се сретнам со г.г. Јоан, што е наша прва средба по неговиот избор. Во пријателски и срдечен разговор беше изразена заедничка подготвеност за унапредување на соработката, информираше Ѓурѓај.  

Во исто време го информирал за состојбата и предизвиците со кои се соочуват припадниците на македонско национално малциство во Република Албанија, како и за тековните активности и ангажманот на друштво. 
 
Станало збор и за состојбата на православните храмови, посебно во населените места со Македонци, но и онаму каде поради напуштање на родните места нив ги има во многу мал број.

Ѓурѓај, во знак на благодарност за приемот му подарив на г.г. Јоан, икона со ликот на Исус Христос,  како симбол на христијанството на кои припаѓаат двата народа, дар од епископот Антаниски г. Партениј, од Бигорски манастир.
 
Архиепископ Јоан, пред да биде избран  на оваа должност, беше прв човек  на митрополијата во Корча.