Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Ѓорѓиевски: Целосно ја реконструираме улицата „101“ во Волково

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска заедно со пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски беше во Волково, во општина Ѓорче Петров, каде го означи почетокот на реконструкцијата на улицата „101“. -За првпат откако е изградена, целосно ја реконструираме улицата „101“ во Волково! Денес, заедно со пратеникот Бојан Стојаноски, сме во Волково, општина Ѓорче Петров, каде го […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска заедно со пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски беше во Волково, во општина Ѓорче Петров, каде го означи почетокот на реконструкцијата на улицата „101“.

-За првпат откако е изградена, целосно ја реконструираме улицата „101“ во Волково! Денес, заедно со пратеникот Бојан Стојаноски, сме во Волково, општина Ѓорче Петров, каде го означуваме почетокот на реконструкцијата на една од најважните сообраќајни артерии во овој дел на Скопје – објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Тој истакна дека станува збор за целосна реконструкција на коловоз во должина од повеќе од 1.000 метри, изградба на попивателни бунари, уредување на просторот кај последната станица на линијата „22“, како и поставување нова автобуска постојка.

Реклама

-Оваа улица има особено значење за жителите на Волково, затоа што претставува директна врска со обиколницата и секојдневно ја користат голем број граѓани. За Ѓорче Петров имаме сериозен и јасен план. Не за зборување, туку за работа – нагласи Ѓорѓиевски.

Целата објава може да ја погледнете на следниот линк:

Тој информира дека по улицата „101“, следуваат и улиците „Шарпланинска“ и „Веле Марков“, како и многу други капитални проекти кои директно ќе го подобрат квалитетот на животот на жителите од овој дел на Скопје.

-Градиме, реконструираме и решаваме проблеми кои со години биле оставани на страна. Продолжуваме силно, одговорно и посветено. Скопје се менува – објави скопскиот градоначалник.