Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Свет

Шпанија воведува мерки за заштеда на струја – ладење до 27, греење до максимум 19 степени

Шпанската влада ќе воведе итни мерки за заштеда на енергија поради енергетската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шпанската влада ќе воведе итни мерки за заштеда на енергија поради енергетската криза што ѝ се заканува на Европа.

Мерките предвидуваат во сите јавни установи, трговски центри, кина, хотели, аеродроми и јавниот превоз, уредите за климатизација да не смеат да се поставуваат на температура пониска од 27 степени во лето и повисока од 19 во зима.

Како што најави министерката за еколошка транзиција, Тереза ​​Рибера, мерките ќе важат до 1 ноември 2023 година, со што земјата ќе се обиде да ја намали потрошувачката на гас за седум отсто, јавува Радио Слободна Европа.

Реклама

„Овој пакет мерки е неопходен во критична ситуација кога на Европа и е потребна помош од Шпанија. Време е за солидарност“, рече Рибеира.

Шпанија ги презема овие мерки за да ги исполни обврските преземени во европскиот план за итни случаи договорен минатата недела.

Мерките воведени од Шпанија, исто така, бараат од бизнисите да ги држат вратите на нивните објекти затворени со помош на автоматски систем што мора да се инсталира до 30 септември. Како што појасни министерката, целта е да се избегне излегување на топол или ладен воздух.

Осветлувањето во неискористените канцеларии, излозите и спомениците мора да се исклучи по 22 часот, а проверките на енергетската ефикасност во одредени згради се задолжителни.

Рибера го повика приватниот сектор да го зголеми обемот на работа од дома.