Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Свет

Црна листа на САД: Рамиз Мерко неподобен за влез во Америка

Соединетите Американски Држави го назначуваат градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соединетите Американски Држави го назначуваат градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, како генерално неподобен за влез во Соединетите Држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција.

Додека ја извршуваше функцијата градоначалник на Струга, Мерко присвои средства и се мешаше во судските и другите јавни процеси, нанесувајќи ѝ штета на вербата на јавноста во демократските институции и функционери на Македонија, стои во објавата од Стејт Департментот на САД.

  • „Денешната акција испраќа порака дека Соединетите држави стојат со Македонија за поттикнување на стабилноста преку зајакнување на демократските институции и решавање на недостатоците во владеењето на правото. Оваа ознака ја потврдува посветеноста на Соединетите држави за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефикасно да одговорат на потребите на својот народ“, соопшти портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Оваа јавна ознака е направена според член 7031(в) од законот за доделување средства на стејт департментот, странски операции и сродни програми, 2023 година. Стејт департментот, исто така, ги означува сопругата на Мерко, Шпреса, и трите возрасни деца, Генц, Назмије и Дренуша како неподобни за влез во Соединетите држави.