Реклама

Нова средба, но без решение: Изборните правила остануваат блокирани во Собранието

Скопје наликува на метропола – граѓаните задоволни од начинот на кој Ѓорѓиевски се фати во клинч со проблемите

Сите аргументи покажуваат дека онлајн или гласањето по пошта е решение кое ќе го подобри изборниот процес

ФЗОМ најави поевтини антикоагуланси и построги правила за препишување

Храната поевтина 1,1%, транспортот за 1,6% – месечната инфлација во негатива, мерките на владата дадоа резултат

Од ривал до сојузник- Герасимовски како можно преодно решение на Филипче за смирување на страстите во СДСМ?

Богдановиќ гостин во вестите на Алфа: Филипче и неговите најблиски продолжуваат да го потонуваат СДСМ под дното.

Бесплатна правна помош – слаба информираност, мала искористеност

Повеќе од 250 хектари земјоделско земјиште изгореа во пожарот во Пробиштип

МВР работи на механизам – казни од „Сејф сити“ и за странските возила

Најмалку 120 доброволци ќе гаснат пожари без пари

„Преку езерото“ годинава од 8-15 јули во Дојран, Струмица и Гевгелија

Македонија

Хрватскиот ансамбл ЛАДО го затвори Балканскиот фестивал во Охрид, следуваат заеднички концерти со Танец во Битола и Скопје

Со целовечерен концерт исполнет со богатството на хрватската фолклорна традиција, Ансамблот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со целовечерен концерт исполнет со богатството на хрватската фолклорна традиција, Ансамблот за народни игри и песни на Хрватска ЛАДО го затвори јубилејното 65. издание на Балканскиот фестивал во Охрид. Настапот, како што информираат организаторите, беше проследен со голем интерес, а публиката ги награди изведувачите со долги аплаузи и овации.

Во рамките на концертната програма беа изведени повеќе препознатливи кореографски постановки, меѓу кои: „Ладарке (Ladarke)“, „Загорски дрмеш (Zagorski drmeš)“ и „Подравски свати (Podravski svati)“, како и неколку вокално инструментални точки кои дополнително ја збогатија вечерта. Преку автентични носии, музика и сценски настап, ЛАДО уште еднаш ја претстави богатата културна традиција на Хрватска.

Концертот во Охрид е дел од гостувањето на ЛАДО во Македонија, кое се реализира во рамките на културната соработка со Националната установа Ансамбл за народни игри и песни Танец. Како национални ансамбли на Хрватска и Македонија, ЛАДО и Танец со години ја негуваат и промовираат традиционалната култура, а нивната соработка претставува значаен придонес во зацврстувањето на културните врски меѓу двете земји.

Реклама

Во рамките на оваа соработка, ЛАДО и Танец, како што е најавено, ќе одржат два заеднички концерти. Првиот е закажан за утре, 8 јули во Битола, а вториот в петок, на 10 јули во Скопје. Публиката ќе има можност да проследи заедничка програма во која ќе се испреплетат македонската и хрватската фолклорна традиција, претставени преку народни игри, песни и музика во изведба на двата врвни национални ансамбли.