Реклама

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

Свет

Уште шест земји се приклучуваат во БРИКС, меѓу нив Иран и Саудиска Арабија

Членките на БРИКС одлучија да поканат шест земји, вклучувајќи ги Иран и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Членките на БРИКС одлучија да поканат шест земји, вклучувајќи ги Иран и Саудиска Арабија, да станат дел од тој блок, објави јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоса на самитот во Јоханесбург.

Заедно со Иран и Саудиска Арабија, членки на БРИКС од 2024 година треба да станат и Обединетите Арапски Емирати, Аргентина, Египет и Етиопија.

БРИКС во моментов се состои од пет економии во развој, Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, кои постигнаа договор за проширување на блокот на самитот оваа недела.

Реклама

Проширувањето на групата БРИКС следната година ќе биде второ, бидејќи на блокот, кој беше формиран во 2009 година од Бразил, Русија, Индија и Кина, една година подоцна му се приклучи и Јужна Африка.

Петте членки на групата БРИКС во моментов сочинуваат околу 40 отсто од светското население и имаат удел од повеќе од 25 отсто во глобалниот бруто-домашен производ.

При најавата дека блокот ќе се прошири, до Рамафоса беа и лидерите на Кина, Бразил и Индија, Си Џинпинг, Луис Ињасио Лула да Силва и Нарендра Моди.

Рускиот претседател Владимир Путин не присуствуваше на самитот откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење во март под обвинение за киднапирање деца од Украина. Путин на самитот учествуваше преку видеоврска, додека Русија во Јоханесбург ја претставуваше министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.