Реклама

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

Свет

Тропската бура „Хилари“ ја погоди Калифорнија

Тропската бура „Хилари“ стигна до Калифорнија, а кратко пред тоа сојузната држава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тропската бура „Хилари“ стигна до Калифорнија, а кратко пред тоа сојузната држава ја погоди земјотрес од 5,1 степени, но без поголеми штети. „Хилари“ во Мексико однесе и човечки жртви.Пацифичката тропска бура „Хилари“, проследена со поројни дождови и поплави, стигна до југозападниот дел на САД и го стави регионот со метрополите Сан Диего и Лос Анџелес во вонредна состојба. Американскиот Национален центар за урагани соопшти дека бурата поминала низ јужна Калифорнија со брзина на ветрот од 95 километри на час, предупредувајќи од можни врнежи од дожд од историски размери, кои можат да доведат до опасни по живот порои.Снимки на локално дописништво на ТВ Еј-Би-Си прикажуваат огромни поплави во делови од градот Палм Спринг, кој се наоѓа во близина на Лос Анџелес, а Националниот парк Мртва долина морал да биде затворен поради предизвиканите поплави.Хилари“, кој започна како ураган и подоцна ослабе на ниво на тропска бура, во неделата удри на копното на северозападно Мексико со брзина на ветрот од 100 километри на час. На мексиканскиот полуостров Баја Калифорнија во саботата од невремето загинало едно лице чие возило било понесено од водните маси, а според информации на весникот „Миленио“, друго лице загинало при обидот да премине преку река.