Реклама

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

Свет

Трамп им се предаде на властите во затворот во Џорџија

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп им се предаде на властите во затворот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп им се предаде на властите во затворот во Џорџија, каде што беше приведен и внесен во полициската евиденција под обвинение дека планирал да ја „прекрои“ волјата на гласачите во таа сојузна држава на претседателските избори во 2020 година, на кои тој загуби од актуелниот претседател Џо Бајден.

Трамп, кој е заведен како затвореник со број П01135809, по 20 минути поминати во затвор е ослободен со кауција, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на податоци од затворот во округот Фултон.

Во текот на постапката тој влезе во историјата како прв поранешен американкси претседател кој се појавил на полициска фотографија. Вво претходните три случаи тој не бил фотографиран, пренесува Гласот на Америка.

Реклама

Неговите адвокати и обвинители веќе се согласија на кауција од 200.000 долари, заедно со условите кои вклучуваат забрана на поранешниот претседател да заплашува други обвинети, сведоци или жртви, вклучително и на социјалните мрежи.

Обраќајќи им се на новинарите на аеродромот во Атланта, пред да се врати во својот голф клуб во Њу Џерси, Трамп повтори дека обвинувањата се политички мотивирани.

„Ова што се случи овде е изопачување на правдата. Не направив ништо погрешно и сите го знаат тоа… Имаме право да ги оспориме изборите за кои мислиме дека се неправедни“, рече Трамп и додаде дека обвиненијата против него се мешање во изборите.

Десетици поддржувачи на Трамп се собраа пред окружниот затвор во Атланта, вклучувајќи ја и членката на Претставничкиот дом на Џорџија, Марџори Тејлор Грин.

Бизнисменот и поранешната реалити ѕвезда што стана политичар ќе им се придружи на гангстерот Ал Капоне, пејачот Френк Синатра и на други познати Американци кои позирале за затворска фотографија. Сликата сигурно ќе ја пренесат и непријателите и поддржувачите на Трамп бидејќи ќе биде јавна.

„Сакаме да ја ставиме на маица. Ќе се рашири ширум светот. Ќе биде попопуларна слика од Мона Лиза“, рече Лаура Лумер (30), републиканска поранешна кандидатка за Конгресот, која се дружеше со другите поддржувачи на Трамп пред затворот во четвртокот наутро.

Пред него, неколку од неговите 18 сообвинети престојуваа во преполната и ноторно нехигиенската установа во Џорџија, која последните денови ја следеа медиумите ширум светот. Сите тие на 14 август беа обвинети за незаконски обид за поништување на резултатите од изборите во 2020 година, на кои во оваа клучна држава победи актуелниот демократски претседател Џо Бајден.

Топ вести