Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Свет

Топлотниот бран заврши со силно невреме и поплави во Централна Европа

По пеколниот бран што ја зафати Европа, сега централниот дел на континентот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По пеколниот бран што ја зафати Европа, сега централниот дел на континентот беше погоден од силно невреме – има и жртви. Во Австрија животот го загуби 26-годишен возач на мотор, врз него паднала гранка, во Романија, пак, маж бил пронајден мртов во автомобил врз кој паднало дрво.

Невремето, проследено со поројни дождови, град, силен ветер и поплави, предизвика големи проблеми во Словенија, Австрија и јужните делови на Германија. Во Словенија е прогласено портокалово предупредување за целата земја, а метеоролозите најавуваат нови силни бури со обилни врнежи, грмежи и силен ветер.

Во Австрија за делови од земјата е издадено највисоко ниво на предупредување поради опасност од интензивни врнежи, град и силни ветрови. Во германската покраина Баварија, обилните дождови предизвикаа поплави, стотици интервенции, паднати дрвја и прекини во авионскиот и железничкиот сообраќај.

Реклама

Над Боденското Езеро беше забележана и водена пијавица – слична на торнадо, но се развива над вода. Метеоролошките служби предупредуваат дека и во наредните денови во делови од Централна Европа се можни нови локални невремиња со силен дожд, град и ветер.