Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Стојаноски: Ќе прифатиме сè што ќе договорат опозициските партии, ако биде прифатен нашиот став – дијаспората да може да гласа

Сето она што ќе го договорат Левицата, СДСМ, ДУИ и другите помали…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сето она што ќе го договорат Левицата, СДСМ, ДУИ и другите помали опозициски партии од аспект на финансирање, од аспект на изјаснување на дијаспората, од аспект на поплаките и од аспект на една изборна единица и сите детали што се вклучени, ние тоа ќе го прифатиме сè додека биде прифатен нашиот став, а тоа е дијаспората да може да го почитува уставно загарантираното право и да може да гласа и да се изјаснува на избори – истакна денеска во изјава за медиумите пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, по одржаната средба во Собранието помеѓу политичките партии за Изборниот законик.

– Ние укажавме дека гласањето треба да се регулира со подзаконски акт, кој ќе биде донесен на Државната изборна комисија до крајот на 30.9.2028 година. Од политичките партии, кои се од опозицијата, бевме информирани дека нема промена на ставовите. Ние како коалиција заедно со „Вреди“ и ЗНАМ понудивме еден друг модел, кој сметаме дека треба да биде прифатен бидејќи нашата цел е дијаспората да може да се изјасни на помасовен начин од она што може сега. И ние понудивме вака – да седнат политичките партии, кои се дел од опозицијата, тоа се ДУИ, СДСМ, Левицата, како и некои помали политички партии, и меѓу себе да се договорат за сите различности што ги имаат, речиси четири клучни работи, бидејќи гледаме дека платформите им се исти, но се разликуваат во деталите. Да седнат да се договорат за една изборна единица, да седнат да се договорат за модел на финансирање, да седнат да се договорат за поплаките и начинот на кој тие би биле прифатливи и да седнат и меѓу себе да се договорат дури и за моделот на изјаснување на дијаспората. Сето тоа што овие опозициски партии ќе го понудат до нас преку еден пречистен текст на закон, ние тоа ќе го прифатиме – рече Стојановски.

Тој нагласи дека ова е заедничко барање на сите владини коалициски партнери.

Реклама

– Ние имаме секако различни ставови за повеќе прашања, но кога доаѓаме до еден суштински национален интерес, знаеме како тие барања некако да ги вклучиме во интерес на коалицијата. Ова барање е заедничко барање и на ЗНАМ и на „Вреди“ – рече Стојановски.

Потенцира дека не се договориле за никакви рокови до кога опозициските партии треба да дадат одговор на барањето на владините политички партии.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: