Реклама

Директорот на Агенцијата за иселеништво Ангелов: Дијаспората бара електронско гласање

Откриена гробница стара од 4–6 век во близина на Баргала

Нова средба, но без решение: Изборните правила остануваат блокирани во Собранието

Скопје наликува на метропола – граѓаните задоволни од начинот на кој Ѓорѓиевски се фати во клинч со проблемите

Сите аргументи покажуваат дека онлајн или гласањето по пошта е решение кое ќе го подобри изборниот процес

ФЗОМ најави поевтини антикоагуланси и построги правила за препишување

Храната поевтина 1,1%, транспортот за 1,6% – месечната инфлација во негатива, мерките на владата дадоа резултат

Од ривал до сојузник- Герасимовски како можно преодно решение на Филипче за смирување на страстите во СДСМ?

Богдановиќ гостин во вестите на Алфа: Филипче и неговите најблиски продолжуваат да го потонуваат СДСМ под дното.

Бесплатна правна помош – слаба информираност, мала искористеност

Повеќе од 250 хектари земјоделско земјиште изгореа во пожарот во Пробиштип

МВР работи на механизам – казни од „Сејф сити“ и за странските возила

Македонија

Средба на гувернерот Славески со експертската мисија на ТАИЕКС: Независноста е главниот предуслов за успешно спроведување на мандатот на Народната банка

Независноста на централната банка е главниот предуслов за стабилноста на цените и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Независноста на централната банка е главниот предуслов за стабилноста на цените и финансискиот систем и за ефективно спроведување на монетарната политика. Таа е важен фактор за заштита од надворешни влијанија и за одржување стабилна макроекономска рамка, особено во период на светски економски предизвици и европска интеграција.

Во овој контекст, во Скопје, на 7 и 8 јули 2026 година, се одржува мисијата на ТАИЕКС (TAIEX – Technical Assistance and Information Exchange), на иницијатива на Европската комисија, посветена на оценување и зајакнување на независноста на Народната банка на Македонија. ТАИЕКС претставува инструмент на Европската комисија преку кој се обезбедува експертска поддршка и размена на искуства преку ангажирање експерти од јавниот сектор на сите 27 земји членки на ЕУ, заради унапредување на усогласеноста со европското законодавство и најдобрите практики во земјите кандидатки за членство во ЕУ.

Мисијата ја сочинуваат Кес Улерсма, раководител на Одделот за меѓународна соработка во Централната банка на Холандија, Вилем Бовенсхен, висок правен советник во Централната банка на Холандија и Ханс Венинк, виш советник за централно банкарство.

Реклама

Во рамките на мисијата, гувернерот д-р Трајко Славески и вицегувернерите Ана Митреска, Игор Величковски и Фадил Бајрами остварија средба со експертската делегација, на која беа разгледани прашања поврзани со институционалната и финансиската независност на Народната банка, односот со Владата и Собранието, законската рамка којашто ја гарантира независноста, како и јавната перцепција за нејзината улога и ефективност. Посебен акцент беше ставен и на усогласеноста на националната регулатива со правото на Европската Унија, како и на натамошното јакнење на институционалните гаранции во контекст на евроинтеграциите.

Народната банка ја нагласи својата постојана заложба за унапредување на транспарентноста и отчетноста во работењето, заради дополнително зајакнување на довербата кај јавноста и кај сите засегнати страни.