Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Средба Гаши – Кос: Потврден напредокот на клучните реформиКос

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши попладнево оствари средба со комесарката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши попладнево оствари средба со комесарката за проширување, Марта Кос, која е во еднодневна посета на земјата.

На средбата присуствувале и пратеничките Ели Панова, Бисера Костадиновска Стојчевска и Рина Ајдари, како и генералниот секретар на Собранието Марина Димовска.

На средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, е разговарано за напредокот на земјата на патот кон членство во Европската Унија, со посебен акцент на спроведувањето на Реформската агенда. Гаши изразил благодарност за Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан, оценувајќи го како значаен инструмент за поддршка на реформите, кој ќе придонесе за забрзан економски и социјален развој на целиот регион.

Реклама

Во текот на средбата бил потврден напредокот на Македонија во спроведувањето на клучните реформи, врз основа на кој на земјата ѝ беа одобрени 142,1 милиони евра во рамките на Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан.

Исто така, како што се наведува во соопштението, било нагласена важноста од конструктивен политички дијалог и обезбедување широка меѓупартиска поддршка за спроведувањето на реформите поврзани со процесот на европска интеграција.

Соговорниците ја оцениле посетата на еврокомесарката за проширување како силна потврда на континуираната поддршка на Европската Унија за европската перспектива на Македонија, како и дополнително охрабрување за продолжување на реформскиот процес и спроведувањето на клучните реформи.