Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Прилози

Со нова апликација за итни случаи помошта ќе се повикува побрзо, а една функција може да спаси животи

Испраќање локација, фотографии, видео и директна видео-врска со операторите на 112 .…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Испраќање локација, фотографии, видео и директна видео-врска со операторите на 112 . Ова ќе  биде возможно преку новата апликација „Where Are You“, која наскоро ќе стане достапна за граѓаните. Во итните ситуации кога  секоја секунда е важна  оваа нова алатка ќе им  овозможи  на граѓаните побрза и попрецизна комуникација со службите за итни случаи. Особено  ќе бидат корисни кога  некое лице  не знае точно каде се наоѓа кога е повредено и не може јасно да ја објасни состојбата.

-Наскоро граѓаните ќе можат да ја користат новата апликација „Where Are You“, која ќе овозможи побрза, побезбедна и попрецизна комуникација со службите за итни случаи преку системот 112. Новата апликација ќе им овозможи на корисниците директно да ја испратат својата точна локација од местото на настанот, како и фотографии и видеоснимки, со што службите ќе добијат подетални информации за ситуацијата и ќе можат побрзо и поефикасно да реагираат–истакна директорот на ЦУК Мухамед Али

Најзначајната новина е можноста за директна видео-комуникација со Оперативниот центар со која службите во реално време ќе добијат подобар увид во состојбата на терен и  координирање на  интервенцијата побрзо и поефикасно.

Реклама

 И жртвите на семејно насилство но и лицата кои се во опасност ќе можат да побараат помош на апликацијата  „Silent Call“ која е дел од оваа новина.  Со оваа опција тие ќе можат  безбедно да побараат помош, без потреба да разговараат со оператор, што може да биде од клучно значење во ризични ситуации. Воведувањето на овие нови алатки  велат од ЦУК се дел од процесот на модернизација на системот 112. Целта е  поголема безбедност за граѓаните, попрецизно пренесување на информациите и поефикасна реакција на надлежните служби при итни случаи.

ЦУК на почетокот на месецов започна  и пилот-проект за поставување интелигентни камери за рана детекција на пожари во неколку критични зони во државата, кои ќе бидат надгледувани 24 часа од Оперативниот центар. Проектот има за цел навремено откривање на шумските пожари, побрза реакција на надлежните служби и поефикасна координација при интервенциите.