Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Со даночно затајување управител и правно лице го оштетиле буџетот за 8.070.791 денар

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против едно физичко лице – сопственик и управител на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело даночно затајување од член 279 од Кривичниот законик на Македонија.

Како што УФП соопшти денеска, првопријавениот С. З., во својство на сопственик и управител на второпријавениот правен субјект, свесно и со однапред утврдена намера да стекне противправна имотна корист за себе и за правниот субјект го сторил кривичното дело даночно затајување на начин што набавената трговска стока, евидентирана како резерва кај второпријавениот правен субјект, заклучно со 31.12.2025 година, во вкупна вредност од 26.085.138 денари, неосновано ја присвоил за себе. Притоа не пресметал, не пријавил и не платил данок на додадена вредност (ДДВ) по даночна стапка од 18 проценти во износ од 4.231.907 денар и ДДВ по даночна стапка од 5 проценти во износ од 128.727 денари, како и не пресметал, не пријавил и не платил данок на личен доход по даночна стапка од 11,11 проценти во износ од 2.898.059 денари.

Дополнително, првопријавениот С. З. не ги признал како приход застарените и ненамирени обврски во вкупен износ од 8.120.980 денари, прикажани во бруто-билансот за 2025 година, иако тие, во согласност со член 363 од Законот за облигациските односи, застаруваат во рок од три години, а за нив не биле поведени судски постапки за наплата. И покрај тоа што бил должен да поднесе даночен биланс за 2025 година и да ја искаже даночната обврска, првопријавениот воопшто не поднел даночен биланс, ниту пресметал, пријавил и платил данок на добивка по даночна стапка од 10 % во износ од 812.098 денари.

Реклама

– Со наведените дејства пријавените не ги пресметале, не ги пријавиле и не ги уплатиле законски утврдените даночни обврски, со што го оштетиле буџетот на Македонија за вкупен износ од 8.070.791 денар – се вели во соопштението.