Реклама

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

„Еуростандард банка“ била намерно втурната во стечај со долг од над 27 милиони евра – Поднесено обв инение за раководството

Драма во Штип – Во четири часот наутро со багер им урнал дел од куќата и избегал

Со нова апликација за итни случаи помошта ќе се повикува побрзо, а една функција може да спаси животи

Поддршка од ЕБОР за мали и средни компании кои сакаат да котираат на берза

Манасиевски: Опозицијата прво нека се договори меѓу себе, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за разговор

Годишната инфлација во јуни меѓу најниските во регионот и по подолг период најниска во земјава

Завршена е реконструкцијата на пругата за товарен сообраќај на релација Драчево – Илинден

Директорот на Агенцијата за иселеништво Ангелов: Дијаспората бара електронско гласање

Откриена гробница стара од 4–6 век во близина на Баргала

Нова средба, но без решение: Изборните правила остануваат блокирани во Собранието

Македонија

Сиљановска Давкова: Кредибилен партнер сме на НАТО, да се надмине лавиринтот на патот кон ЕУ

Понекогаш се чудам како може исти државници, исти претседатели, исти премиери, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Понекогаш се чудам како може исти државници, исти претседатели, исти премиери, на еден начин да се однесуваат во рамките на НАТО, да манифестираат разбирање, а кога се работи за Европската Унија,  20 години да нè држат во лавиринтот. Време е тоа да се надмине – порача денеска претседателката Гордана Силјановска Давкова, по учеството на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, во рамки на Самитот на НАТО што се одржа во претседателскиот комплекс „Бештепе“ во Анкара. 

Сиљановска Давкова изјави дека синоќа  при учеството на приемот кај турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган имала кратка средба со премиерот на Бугарија Румен Радев, кој и рекол дека не сме само соседи, туку дека му е пријателка, што, рече, е инспиративно и охрабрувачко. Имала подолг разговор со унгарскиот премиер Петер Маѓар кој кажал дека уште позасилено ќе застане зад Западен Балкан, дека целосно нè поддржува и  оти неминовно е, за да има стабилност и мир на Балканот, земјите од Западен Балкан да станат членки на Европската Унија. 

Според претседателката Сиљановска Давкова, нема подобро решение за силна Европа и силно НАТО од состојба на мир, бидејќи силата на Европа е во способноста со мирни средства да посегне по реформи или да промовира демократија заснована на основните принципи и вредности.

Реклама

На самитот на НАТО, рече претседателката, беше порачано дека ние сме докажан, кредибилен партнер на НАТО, дека се однесуваме одговорно и во поглед на средствата и во поглед на однесувањето, како и дека може да сметаат на нас.

Втората порака од Самитот, дополни таа, се однесува на НАТО. –  Навистина требаше да се потенцира дека господинот Трамп на некој начин, откако на НАТО му стави до знаење дека одбраната заради која е создаден не се однесува само на Соединетите Американски Држави, туку и на земјите од Европа, и дека треба да си го земат својот товар од одбраната. Денеска се покажа дека навистина речиси сите држави, ако не и сите држави, веќе тргнале на таа патека во, се разбира, себегарантирањето, односно во гарантирањето способност да ја организираат сопствената одбрана. Тоа е исто, според мене, многу важно – рече Сиљановска Давкова. 

На овој самит, потенцира претседателката, се чувствуваше единство. Од господинот Трамп, па до сите останати, манифестираа решеност, спремност, навистина, заедно да ги остварат задачите што ги поставивме уште во Хаг.

Ја цитираше мислата од Кемал Ататурк – „Ако има дома мир, ќе има и надвор мир“ и порача дека нема подобро решение за силна Европа и силно НАТО од состојба на мир бидејќи, нагласи, силата на Европа е во способноста со мирни средства да посегне по реформи или да промовира демократија заснована на основните принципи и вредности.

-Тоа ја прави посебна, се разбира, ако истите членки седат  таму и таму, или во најголем дел, тогаш логично е дека не треба да се откажеме од мирот. Тука е посебната вредност на господинот Трамп, бидејќи тој, покрај издвојувањето на средства, постојано вели дека треба да се најде мирна солуција за сите проблеми – рече Сиљановска Давкова.

На новинарско прашање за поддршката и однесувањето на лидерите во рамки на НАТО и во однос на евроинтеграциите на државава Сиљановска Давкова посочи  на средбите со Радев и со Маѓар, истакнувајќи ја поддршката од него. 

-Со господинот Радев имав куса средба синоќа, се разбира, во присуство на господинот Кошта. Тој рече дека не сме само соседи, туку дека сум му јас пријателка, се разбира дека тоа е инспиративно и охрабрувачко. Но, немав овојпат некој подолг разговор, но со господинот Маџар имав. Ме интересираше како гледа тој на политиката под негова палка, дали ќе посегне по промени. Ова што го изјави е дека уште позасилено ќе застане зад Западниот Балкан, дека целосно нè поддржува и дека неминовно е, за да има стабилност и мир на Балканот, земјите од Западен Балкан да станат членки на Европската Унија, дури рече дека има намера да тргне во турнеја по земјите од Западен Балкан, што е навистина одговорно и посветено – изјави Сиљановска Давкова, која на Самитот ја предводеше македонската делегација во чиј состав се министрите за одбрана и за надворешни работи и надворешна трговија, Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, како и генерал-мајор Сашко Лафчиски. 

Во пресрет на состанокот  Сиљановска Давкова повика на „повеќе кантијанизам од макијевализам.  – Денеска би дакала да кажам дека мотото „Посилна Европа – посилно НАТО“ според мене значи дека проширена и обединета Европа е посилна Европа. Но, најсилната Европа е Европа што живее во мир и демократија базирана на принципи и вредности. Тоа е мојата порака, изјаво претседателката Сиљановска Давкова.

По присуството на синоќешниот прием организиран од претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган македонската претседателка сподели дека во духот на сојузништвото и меѓусебната почит со шефовите на држави и влади разменивле мислења за натамошното обликување на евро-атлантската безбедносна архитектура, јакнењето на колективната одбрана и зацврстувањето на трансатлантското единство.  – Убедена сум дека со политичка мудрост, заемна доверба и цврста посветеност можеме да креираме решенија во служба на мирот, стабилноста и безбедноста – објави претседателката на „Фејсбук“.