Реклама

Нова средба, но без решение: Изборните правила остануваат блокирани во Собранието

Скопје наликува на метропола – граѓаните задоволни од начинот на кој Ѓорѓиевски се фати во клинч со проблемите

Сите аргументи покажуваат дека онлајн или гласањето по пошта е решение кое ќе го подобри изборниот процес

ФЗОМ најави поевтини антикоагуланси и построги правила за препишување

Храната поевтина 1,1%, транспортот за 1,6% – месечната инфлација во негатива, мерките на владата дадоа резултат

Од ривал до сојузник- Герасимовски како можно преодно решение на Филипче за смирување на страстите во СДСМ?

Богдановиќ гостин во вестите на Алфа: Филипче и неговите најблиски продолжуваат да го потонуваат СДСМ под дното.

Бесплатна правна помош – слаба информираност, мала искористеност

Повеќе од 250 хектари земјоделско земјиште изгореа во пожарот во Пробиштип

МВР работи на механизам – казни од „Сејф сити“ и за странските возила

Најмалку 120 доброволци ќе гаснат пожари без пари

„Преку езерото“ годинава од 8-15 јули во Дојран, Струмица и Гевгелија

Прилози

Сите аргументи покажуваат дека онлајн или гласањето по пошта е решение кое ќе го подобри изборниот процес

Енормни трошоци за минимален одзив –традиционалниот модел на гласање во дијаспората не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Енормни трошоци за минимален одзив –традиционалниот модел на гласање во дијаспората не ја исполнува својата цел. Слаб одзив, комплицирана логистичка операција, големи трошоци. Репер за тоа дека сегашниот систем е нефункционален се последните претседателски избори во 2024 година. Тогаш гласањето на Македонците во светот чинело повеќе отколку печатењето на сите ливчињата во Македонија. Па така, огромни пари се дадени за транспортот и сместувањето на набљудувачи на 31 дестинација по светот.

  • „Вредносно најголем склучен договор за изборите 2024 година е за ‘транспорт и сместување на членови на изборните органи (ИО) во дипломатско конзуларните претставништва (ДКП) за избори’, во вредност од 50 милиони денари (813 илјади евра).“ стои во Истражување на Центарот за граѓански комуникации.

Толку пари, мал одзив. На изборите имало пријавени 2569, а гласале само 652. Клако пример, во Париз за гласање биле пријавени 44 македонски државјани, а на гласачките места се појавиле само 11. Во Пекинг за гласање се пријавени само 12 македонски државјани, а правото на глас го искористиле 9, во Вашингтон 14 од пријавени 34, а во германската престолнина гласале 118 од 260 кои се пријавиле.

Ваквиот слаб одзив се должи на голема одалеченост од дипломатско-конзуларните претставништва посебно во големите земји како САД, Канада и австралија, каде има голем број на иселениците. Некои од нив требало да патуваат најмалку 400 километри, се гласало во работен ден во повеќето држави и ред други причини. Кога би се вовело електронско гласање, кое уште пред четири години го побарале македонските иселеници, нудејќи се тие да го покријат трошокот за воспоставување таков систем, сите овие проблеми би биле надминати.

Реклама
  • Знаејќи колку државата инвестирала во минатото за да испраќа свои службеници во дијаспората, односно каде што имаме заедници на иселениците, сепак мислиме дека ова ќе биде некој симболичен трошок кој што едноставно ќе заштеди во сите години кои доаѓаат или инвестираните пари кои се давале во минатото“ вели за Алфа, Гордан Јорданов – Директор на ОМД за Македонија и Европа..

Јорданов од Обединета македонска дијаспора велат дека со можноста граѓаните да гласаат од местото каде што живеат, без дополнителни патувања и административни пречки, несомнено ќе придонесе за поголема излезност на дијаспората.

  • Ваков механизам дефинативно ќе ни помогне не само да ги консолидираме нашите државјани кои што се надвор од Македонија, туку и едноставно да се покаже волјата и расположението на самите власти во Македонија дека ваков тиш на конекција или поврзување со нашите иселеници е најголемата придобивка“ вели за Алфа, Гордан Јорданов – Директор на ОМД за Македонија и Европа.

Прашањето за онлајн гласање дијаспората го наметнало уште по спроведувањето на пописот онлајн во 2021 година. Кога македонските граѓани ширум светот се попишаа електронски, зошто не би можело и да гласаат електронски.