Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Прилози

Се заоструваат правилата за сместување во студентските домови

Нема повеќе пушење во собите, консумирање или внесување на алкохол и  пуштање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема повеќе пушење во собите, консумирање или внесување на алкохол и  пуштање гласна музикa. Се воведува ред  во студентските домови. Со новиот Правилник за сместување и престој се воведуваат построги дисциплински мерки, а за најтешките прекршоци е предвидена забрана на повторно сместување во студентски дом во период до пет години. Според новите одредби, надлежните органи воведуваат нулта толеранција за низа однесувања кои го нарушуваат заедничкиот престој.

-Забрана за време од една до пет години за сместување во студентски дом за  студенти кои ќе сторат потешки повреди на куќниот ред, на што мислиме, кои ќе сторат штета на инвентарот , ќе бидат фатени со алкохол или други супстанци  или доколку се констатира навредливо , агресивно или насилно однесување, физичко или психичко малтретирање, вознемирување, дискриминација  или друго недолично постапување– истакна министерката за образование Весна Јаневска.

Се менува и делот за возраста на лицата кои се сместуваат во домовите. Постари од 30 години во иднина нема да можат да да поднесат барање.

Реклама

-Детектиравме студенти кои со години се сместуваат во домовите, законски наоѓаат начин и ги користат услугите за 3.400 денари да живеат во месецот со сите покриени трошоци за храна, вода, струја и се што им е потребно. Едноставно презапишуваат години на факултет и добиваат услуги  во дом. Тоа го спречуваме и воведуваме максимална старосна граница на студент кој аплицирал за сместување во дом  да биде 30 години–истакна министерката за образование Весна Јаневска.

Покрај овие мерки се воведуваат и мерки против нарушување на редот и мирот во домовите, кршење на инвентарот, отстапување на соба на друго лице за материјална корист и нередовно плаќање на станарината. Прелог законот е во собраниска процедура и се очекува да се донесе до  крајот на месецот. Примената  ќе  стартува  од оваа година. Ваквите измени следуваат по долгогодишни забелешки за нарушување на редот во дел од студентските домови, како и по иницијативите на управите за воведување поефикасни механизми за санкционирање на најсериозните прекршувања.