Реклама

Драма во Штип – Во четири часот наутро со багер им урнал дел од куќата и избегал

Со нова апликација за итни случаи помошта ќе се повикува побрзо, а една функција може да спаси животи

Поддршка од ЕБОР за мали и средни компании кои сакаат да котираат на берза

Манасиевски: Опозицијата прво нека се договори меѓу себе, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за разговор

Годишната инфлација во јуни меѓу најниските во регионот и по подолг период најниска во земјава

Завршена е реконструкцијата на пругата за товарен сообраќај на релација Драчево – Илинден

Директорот на Агенцијата за иселеништво Ангелов: Дијаспората бара електронско гласање

Откриена гробница стара од 4–6 век во близина на Баргала

Нова средба, но без решение: Изборните правила остануваат блокирани во Собранието

Скопје наликува на метропола – граѓаните задоволни од начинот на кој Ѓорѓиевски се фати во клинч со проблемите

Сите аргументи покажуваат дека онлајн или гласањето по пошта е решение кое ќе го подобри изборниот процес

ФЗОМ најави поевтини антикоагуланси и построги правила за препишување

Македонија

СВР Штип најавува засилени сообраќајни контроли за возачите на електрични тротинети и модепи

Засилени сообраќајни контроли за мопеди и електрични тротинети ќе бидат спроведени во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Засилени сообраќајни контроли за мопеди и електрични тротинети ќе бидат спроведени во наредниот период во Штип, најавија од Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип. Во соопштението од СВР-Штип се наведува дека  контролите ќе бидат насочени кон санкционирање на бучави, брзо возње, опасно однесување со кое се загрозува безбедноста на граѓаните, користење задолжителна опрема, управување без соодветни дозволи, како и техничка исправност на возила. Од страна на СВР Штип упатуваат апел до сите учесници во сообраќјот да ги почитуваат законските прописи, да управуваат совесно и одговорно, со цел поголема безбедност и зачувување на јавниот ред и мир. 

Инаку вакви контроли на територијата на Штип беа спроведени изминатиот викенд, кога беа приведени шест лица и изречени 55 мерки за возачи на мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети. И понатаму од страна на полицијата апелираат возачите да управуваат совесно и одговорно.