Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Свет

САД ја зголемува воената готовност по конфликтот во Израел

Втората американска група на носач на авиони Двајт Д. Ајзенхауер ќе се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Втората американска група на носач на авиони Двајт Д. Ајзенхауер ќе се приклучи на ударната група со познатиот носач на авиони Џералд Форд кој веќе се наоѓа во источниот Медитеран.

„Нашата главна цел со позиционирање не еден, туку две ударни групи, е да испратиме порака за одвраќање.  Да им кажеме на актерите во регионот кои мислат дека можеби ќе сакаат да го искористат овој конфликт: „Не правете го тоа”, рече Сабрина Синг, заменик-секретар за прес на Пентагон.

Морнарите на најголемиот и најмоќниот воен брод во Америка, штотуку беа пред завршување на своето шестмесечно делување. Но, сега, секретарот за одбрана Лојд Остин ја продолжи неговата работа, заедно со крстосувачите и бродовите разурнувачи кои пловат со него, без датум за крај.

Реклама

На три воени брода од групата Батан се позиционирани илјадници маринци во водите во близина на Израел – маринци кои можат да навлезат на непријателска територија или да обезбедат медицинска нега и помош.

Со нив доаѓаат и ескадрила од нападни авиони А-10 за Блискиот Исток, со продолжено распоредување на уште една ескадрила авиони.

Ќе бидат вклучени и други борбени авиони како Ф-15 и Ф-16, бидејќи расте загриженоста дека Хезболах би можел да се приклучи на борбата од северот на границата Израел-Либан.

„Хезболах има околу 200.000 ракети и проектили. Способноста да се нападнат тие позиции би била неверојатно важна. Овие пакети на сила ја создаваат таа можност или таа опција“, вели Дакота Вуд од фондацијата Херитиџ во Вашингтон.

Покрај зајакнувањето на своето воено присуство, САД испратија најмалку пет транспортни авиони со воена помош за израелските одбранбени сили.

„Ние му ги даваме на Израел безбедносните системи што му се потребни да ги отстрани и ефективно да го потисне Хамас во Газа. Повторно, ќе повторам уште еднаш: тоа не значи убивање на невини цивили“, додава Синг.

Официјални лица од одбраната на САД велат дека администрацијата му обезбедува на Израел прецизна муниција како и ракети-пресретнувачи за неговиот систем за воздушна одбрана „Железна купола“.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон