Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Свет

Русите го ракетираа Киев два дена по експлозиите на мостот на Крим, има мртви и повредени

Ова се сцените што утринава ги разбудија Украинците, во најмалку десетина градови,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ова се сцените што утринава ги разбудија Украинците, во најмалку десетина градови, вклучувајки го и главниот град Киев. Оштетена е енергетската инфраструктура, некои од градовите се без струја и вода, а има и десетици жртви и многу повредени.

75-те истрелани руски ракети, се само почетокот на одмаздата на претседателот Путин за последната украинска офанзива, посебно за уништувањето на клучниот Кримски мост.

Проектилите паѓаа на најфреквентните раскрсници, паркови и туристички места во центарот на Киев со интензитет невиден дури и кога руските сили се обидоа да го освојат градот на почетокот на војната. Експлозии беа пријавени и во Лавов, Тернопил и Житомир на западот на Украина, Днепро и Кременчук во централна Украина, Запорожје на југ и Харков на исток.

Реклама

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека нападите биле намерно темпирани за да се убијат луѓе, како и да се прекине струјата.

Сега работат спасувачите. Нашиот систем за противвоздушна одбрана работи. Веќе 38 воздушни цели се соборени. Ве молиме, останете во засолништа денес. Благодарение на помошта на нашата војска, се ќе биде во ред. Секогаш следете ги безбедносните правила. И секогаш запомнете: Украина постоеше пред да се појави овој непријател, а Украина ќе постои и после неа. Слава на Украина!“ изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина

Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека целта на нападите било да се спречат, како што нарече, “терористичките чинови„ и дека Украина не треба да се жали затоа што веќе била предупредена за последиците од нападот на мостот на Крим.

„Форензичките и другите стручни податоци, како и разузнавачките информации, покажаа дека експлозијата на 8 октомври била терористички чин. Напад кој имал за цел уништување на критично важната цивилна инфраструктура на Русија. Очигледно е и дека тоа биле украинските тајни служби кои го наредиле, организирале и извршиле овој терористички чин“. изјави Владимир Путин, претседател на Русија

Путин се закани дека ако нападите врз Русија продолжат, одговорот ќе биде остар, со иста јачина како и заканите за териториите што Путин ги смета за руски. Инаку, една од ракетите удрила и во зградата каде се наоѓа германската амбасада во Украина. Европската унија го осуди денешниот напад нарекувајќи го „варварски„

Бојана Златкова