Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Речиси секојдневно вандализам на игралиштата во Скопје, тинејџерите дивеат, граѓаните бараат построги мерки

Искршени лулашки, уништени клацкалки, откорнати даски од клупите за седење.Тинејџери дивеат во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Искршени лулашки, уништени клацкалки, откорнати даски од клупите за седење.
Тинејџери дивеат во скопските населби во ноќните часови.  По видеото што ја разлути јавноста на кое се гледа како разбеснети млади кршат урбана опрема на игралиштето „Патрик“, Алфа телевизија направи обиколка низ повеќе игралишта во општина Аеродром, а сликата не беше сјајна. Граѓаните бесни, велат – вината е најмногу до родителите и бараат построги мерки за да се стави крај на хулиганското однесување во нивната населба.

Само домашно воспитување, родителите мора да си ги воспитуваат децата.“- велат граѓаните.

Психолозите апелираат до родителите и училиштата – будно да го следат однесувањето на своите деца бидејќи само така може да ги препознаат знаците на вандализам. Комуникацијата и емпатијата се клучни, а доколку имаат потреба да побараат помош и од стручни лица.

Реклама

Ако го насочат и кон друго кримогено однесување, тоа секако може да направи сериозен проблем за самите нив а потоа и за општеството. Има бројни последици кои може да се појават, не само на децата кој што се вклучени туку и на нивните семејства, на околината, од социјален аспект да влијае доста негативно и за тие околу нив нели да си изгубат пријателства затоа што многу луѓе ќе сакаат да се дистанцираат и да не учествуваат во тие однесувања кои и воопшшто не треба да се присутни.“- вели психологот Фики Гаспар.

Надлежните велат дека се работи за штета на специфични реквизити вредна повеќе илјадници евра. Веќе работат и на решение на проблемот со тоа што ќе се постават камери кај детските и спортски игралишта.

Ние како општина веќе работиме на процедура за поставување на сите детски и спортски игралишта кои што се на територија на општина Аеродром. Процедурата се спроведува по претходно добиена согласност од Дирекцијата за заштита на лични податоци и веднаш штом ја добиеме таа согласност ќе спроведеме постапка за јавна набавка за поставување на видеонадзор на игралиштата.“- вели градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митевски.

Надлежните велат дека ова не е единствен случај на вандализам. Оваа слика се јавува во сите општини, па така ни Аеродром не е исклучена од нив. Најчесто станува збор за повозрасни деца кој го уништуваат јавниот инвентар во текот на вечерните часови.