Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Прилози

Регулаторот не сака да коментира зошто нема никаква реакција од власта за бугарската такса за рускиот гас

Регулаторната комисија за енергетика ниту ја одредува цената на гасот, ниту може…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Регулаторната комисија за енергетика ниту ја одредува цената на гасот, ниту може има надлежност за транзитните такси. Првиот човек на Регулаторната комисија Марко Беслимовски вели дека не може да коментира зошто ниту Владата ниту Министерството за надворешни работи не реагираат на поголемите давачки што ги воведе Бугарија.

  • Македонија набавува квалитетен природен гас, кој доаѓа од неколку места, но овој енергенс 100% нее руски, а цената на гасот не зависи од нас, туку од берзата, па ако таму расте, ќе поскапува и кај нас. Од каде доаѓа природниот гас, со сигурност не можам да кажам, ама можам да кажам дека во земјава пристигнува од една цефка, но од неколку места, вели за Алфа првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бисломовски.

Од РКЕ велат дека цената на гасот не зависи од нас туку од движењето на светските берзи и дека во Македонија гас доаѓа и од други земји не само од Русија.

И додека нашите власти молчат за зголемените бугарски давачки, Србија и Унгарија веќе остро реагираа.

Реклама

Бугарија воведе такса од 10.23 евра за мегават-час руски гас што транзитира низ нејзината територија. Тоа го направи под изговор на рестриктивни мерки против Русија, но и тамошните енергетичари реагираа дека крајната цел е само прибирање пари. Според процените таксата ќе донесе 1.3 милијарди евра годишно во бугарскиот буџет.

Голем дел од енергетските експерти веќе реагираа дека новата такса ќе се одрази на цената која ќе ја плаќа крајниот потрошувач и сметаат дека со ова се прекршуваат билатералните договори, пред се оној за Добрососедство и пријателство според кој Бугарија треба да ја поддржи Македонија како земја аспирант за ЕУ и да не задава дополнителен финансиски товар.

Поскапиот гас ќе ги зголеми трошоците и на Топланите па веќе при следната пресметка најверојатно ќе има и поскапување на парното греење.

Борис Грујоски