Реклама

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

Свет

Пукна брана во Норвешка: Евакуирани се најмалку 1.000 лица

Браната во Норвешка делумно пукна денеска по неколкудневните обилни врнежи што предизвикаа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Браната во Норвешка делумно пукна денеска по неколкудневните обилни врнежи што предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави во планинскиот југ на оваа скандинавска земја. Населбите низводно од браната беа евакуирани, соопшти претставник на локалната полиција.

Глома, најдолгата река во Норвешка, е преградена од хидроелектраната Браскереидфос, која сега е под вода и не работи.

Властите првично размислуваа да разнесат дел од браната за да спречат потопување на населените места низводно. Но, идејата беше отфрлена бидејќи водата во меѓувреме ја проби браната, изјави за новинарите портпаролот на полицијата Фредрик Томсон.

Реклама

Огромни количества вода се излеале над западните делови на браната, според Томсон.

„Водата постепено почна да истекува низ браната и засега не е соодветно да се преземат никакви мерки во електраната“, изјави Томсон за новинарите, додавајќи дека состојбата постојано се проценува.

Најмалку 1.000 лица живеат во населбите во близина на реката во областа, а властите соопштија дека сите биле евакуирани пред делумно да се пробие браната.

Според Александра Бех Џерв, претседател на управниот одбор на Хафслунд Еко, одводите во хидроцентралата не се отворале автоматски како што би требало кога има вишок вода во акумулацијата.

Не е јасно зошто тоа не се случило, додаде таа.