Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Македонија

Прилепските пензионери и денеска ја продолжија својата битка за подостоинствен пензионерски живот

    Иако и понижени, навредени и онеправдани, притиснати и преморени, и физички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

    Иако и понижени, навредени и онеправдани, притиснати и преморени, и физички и психички, прилепските пензионери и денеска ја продолжија својата битка за остварување на барањата за подостоинствен пензионерски живот, а на кои власта, со месеци целосно се оглушува. Велат дека понижувањето веќе им преминува во гнев и бес, бидејќи животот и душите им станувале се’ попразни, исто како и нивните паричници, оставите за огревно дрво, теглите без зимница. Немаат намера да се откажат, туку напротив, велат дека ќе бидат уште поупорни, па макар и испопаѓале по патиштата.   

„Денеска е Светски ден на правадата. Е, што правда имаме ние да ги прашам оние одозгора од претседателствово? Што правда имаме? Гледам вчера протестантиве од Штип со празни тегли. Море луѓе, душата ни ја испразнија. И повредени, и омаловажени, и понижени, веќе празни сме. Вистински, не само во џебовите празни. Јас не знам што мислат…насд маката не научи и многу да трпиме, ама и многу да памтиме. Јас лично ќе памтам до избори, онаа да ја снема, не од политика, море од земјава да ја снема“, – рече Билјана Шеќероска, пензионерака. 

Реклама

„Месеци еве дојдоа, само протестираме, по улици одиме, стари, кој со штаки, , кои не можат да дојдат. Луѓево се разболени сите. Од што, ќе прашате ? немаштијата ова го донесе. Нема ни за лечење, нема ни закупување, сето е скапија голема. Јас не знам и оваа Тренчевска што мисли да прави. Ова е катастрофа невидена. Луѓе одат по кантите бараат, немав телефон да ги снимам и да ги пуштам. Гревој се, луѓето за лепче бараат. Врнело-грмело, ние ќе излегуваме, тоа да им е јасно“, – кажа Марија Ристеска, пензионерка.