Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Предизборно власта вдомува партиски кадри во дипломатијата

Поранешниот министер за правда,  Никола Тупанчевски, екс заменик министерот за надворешни работи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешниот министер за правда,  Никола Тупанчевски, екс заменик министерот за надворешни работи , Андреј Жерновски, директорот на Агенцијата за употреба на јазиците, Илбер Села. Партиски кадри одат во дипломатијата.  На шест месеци пред избори се пополнуваат девет абасадорски места.

Андреј Жерновски кој е поранешен лидер на ЛДП, па потоа премина во СДСМ е трет лидер од либералите кој добива амбасадорска функција. Ќе биде амбасадор во Романија. Претходно Јово Манасиевски замина за Турција и Горан Милевски во Словенија.

Тупанчевски кој извиси од министерската функција поради влегувањето на Алијанса во Владата и која го доби секторот правда,   ќе работи во амбасадата во Србија.

Реклама

Односите со Србија, последните две години доживуваат ренесансен карактет, оваа моја премиса можам да ја верификувам, ако земам предвид колку средби се остварени, во однос на подобрување на билатералните, регионалните и мултилатералните односи – рече Тупанчевски.

Кадарот на ДУИ, Илбер Села, кој е директор на агенцијата за употреба на јазикот кој го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните ќе се вдоми во Германија. Јасмин Ќахил кој работи во Кабинетот на Османи заминува на дипломатска мисија во Полска. Писателот Сашко Насев кој е поранешен амбасадор во Канада и актуелен директор на Културно-информативниот центар во Софија, ќе стане амбасадор на Македонија во Кина. Меѓу новите амбасадорски имиња е и она на  Шпенд Садиќи , КОЈ иако никогаш не работел во амбасада на пониско ниво ќе скокне неколку скалила и ќе оди во Израел.

Игор Попов дипломат од кариера оди во Бразил, Џенк Сејфула од Директоратот за ЕУ во Шведска, Пајо Авировиќ од МНР во ОБСЕ .

Опозицијата реагираше дека поради партиските и личните калкулации Македонија нема амбасадори во повеќе земји, меѓу нив и оние кои се клучни за.  евроинтеграциите.

Калкулирале со партиските или личните интереси и ја оставиле државата со празни амбасади долги години. Кога ќе појде сега, господинот Сашко Насев во Кина, може да го прашаат дали имаме независна држава.Тие немаат видено наш амбасадор седум години – рече претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика, Антонио Милошоски.

Во врска со испраќањето на неколку амбасадори, министерот Бујар Османи рече дека водипломатско-конзуларните претставништва се испраќаат кариерни дипломати, а во помал дел и истакнати личности од политичко-општествениот живот.

Во оригиналната верзија на овој текст, пишуваше дека Сашко Насев нема дипломатско искуство. Сепак, тој е поранешен амбасадор во Канада и актуелен директор во КИЦ во Софија, поради што е направена исправката.

Адријана Алексиеска