Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Свет

По обвинението на Трамп, републиканците во Претставничкиот дом започнаа истрага на обвинителката Фани Вилис

Веднаш по таканареченото формално апсење на поранешниот претседател на САД Доналд Трамп,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Веднаш по таканареченото формално апсење на поранешниот претседател на САД Доналд Трамп, републиканците побараа да ги видат сите документи и комуникации помеѓу канцеларијата на г-ѓа Вилис и федералните службеници, како и каква било поврзаност со употребата на федералните средства на канцеларијата на окружниот обвинител на округот Фултон. Трамп изјави за новинарите дека неговите противници се обидуваат да ја попречат неговата кандидатура за претседателската номинација.

„Она што тие го прават е всушност мешање во изборите и обиди да се мешаат во избори. Никогаш порано немало такво нешто во нашата земја“, рече Доналд Трамп.

Трамп – кој е актуелен фаворит за претседателската номинација на републиканците во 2024 година – не е уапсен и сè уште може да води кампања.

Реклама

„Сега, ова може да стане хаотично, како што можете да замислите, особено затоа што судењата т.е. распоредот на судењата е ист како и распоредот на изборите“, рече Елејн Камарк од институцијата Брукингс.

Трамп се соочува со 91 кривична пријава во четири одделни случаи, вклучително и наводи за измама во кампањата во Њујорк, неправилно постапување со доверливи документи во Флорида и обвиненија пред судот во Вашингтон дека го охрабрил бунтот пред американскиот Конгрес на 6 јануари 2021 година. Но, некои аналитичари велат дека обвиненијата на Џорџија имаат најголема тежина.

„Ова е најсериозното обвинение за него политички. А, причината зошто го велам тоа е затоа што го имаат на снимка како зборува за тоа како сака да го промени исходот од изборите“, вели Тод Белт од Универзитетот Џорџ Вашингтон.

На митингот во Џорџија оваа недела, членовите на верските заедници се спротивставија на повиците за смена на окружната обвинителка Фани Вилис од нејзината позиција.

„Окружната обвинителка Вилис покажа храброст, интегритет и непопустлива посветеност и почитување на принципите на правдата кои лежат во срцето на нашиот правен систем. Нејзините напори да го истражи и гони поранешниот претседател Доналд Трамп испраќаат моќна порака дека одговорноста нема граници“, рече сенаторката на Џорџија, Тоња Андерсон.

Поддржувачите на поранешниот претседател Доналд Трамп ги критикуваа обвиненијата.

„Нашата влада буквално, пред лицето на сите, го вооружува правосудниот систем. Ова е лудост, вели Антон Вилијамс, поддржувач на Трамп.

Поранешниот адвокат на претседателот Руди Џулијани, кој е меѓу 18-те обвинети, е обвинети за криминален заговор. Тој рече дека обвиненијата се неправедни.

„Овој случај е борба за нашиот начин на живот. Ова обвинение е травестија“, рече Руди Џулијани, поранешен адвокат на Трамп.

Но, аналитичарите велат дека големиот број обвинети би можел да биде клучен фактор за докажување на случајот против Трамп.

„Кога ќе донесете повеќе обвинети за кривично дело, многу од нив може да одлучат дека сакаат да се договорат со некој од обвинителите за да ја намалат сопствената казна што би ја добиле во случајот. Со тоа ќе треба да се договорат со обвинителот да обезбеди дополнителни докази што обвинителот ги нема“, додава Белт.

Окружната обвинителка на округот Фултон, Фани Вилис, побара од судот да го започне судењето за Трамп и другите обвинети на 23 октомври оваа година. Трамп се спротивстави на датумот на судењето.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон