Македонија е недемокрастска земја која се движи во погрешен правец и во која расте евроскептицизмот, а граѓаните во Бугарија гледаат како во најголем непријател.
Ова се резултатите од најновото истражување на Еуротинк. Она што посебно загрижува е скептицизмот кај граѓаните во последните девет години. Ако во 2014-та вкупно 36,1 проценти верувале дека сме на правиот пат, таа бројка од тогаш опаѓа, лани била на катастрофални девет проценти, годинава е на малку подобри, но далеку од оптимистички 15,6.
–Во каква насока се движат, во целосно погрешна 54,4 проценти, оние кои велат дека е во многу добра насока, оценка 5, само 12,6 проценти. Меѓутоа исто како и за претходните години, почнувајќи од 2021-ва година тие бројки се доста помали.

Кога е демократијата во прашање и тука македонските граѓани сметаат дека живеат во недемократска земја, повеќе од половина сметаат дека нема демократија во државава. И тука гледаме драстичен пад во однос на 2015-та, сега 56 проценти сметаат дека не сме демократска држава, тогаш бројката била 45,8.
-На прашањето дали Северна Македонија е демократска земја, гледаме дека оваа година 56 проценти рекле дека нема демократија во државата, што е едно подобрување од лани каде било 61 проценти. Меѓутоа ако погледнеме во претходните години, гледаме дека има еден многу негативен тренд во однос на перцепциите. Меѓутоа претходно гледаме дека околу 40тина проценти генерално земено сметале дека нема демократија во државата, изјави Николовски.
Кај граѓаните е забележителен и растот на евроскептицизмот. Ако во 2015-та 57,7 сметале дека членството во ЕУ би било добра работа, сега бројката е падната на 52,6 проценти.
-Ако споредиме со претходните години сепак гледаме еден огромен пад во однос на ставовите на нашите граѓани кон ЕУ. Споделено по етнички , од урбана и рурална средина и образование, може да видиме дека кај Албанците процентот дека е добра работа многу поголем отколку кај етничките Македонци, изјави Николовски.
Дури 75,4 проценти од граѓаните во Македонија сметаат дека најголем непријател на европскиот пат на државава е Бугарија. За најголем пријател пак со речиси 40 проценти е Србија. Испитувањето е спроведенот на 1003 граѓани, во период од четврти до 21 септемри, со маргина на грешка од 3,1 проценти.
Матеја Петровски
