Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Покрај здравствените синдикати, и матичните доктори бараат повисоки плати, од Министерството за здравство велат нема пари за зголемување на платите

Министерството за здравство за едни мајка, а за други маќеа се жалат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за здравство за едни мајка, а за други маќеа се жалат од Здружението на приватни лекари на Македонија. Според претседателката, Лилија Чолакова Дервишова редно време е повисоки плати да добијат и приватните лекари. Прашува како е можно, доктори кои имаат завршено ист медицински факултет во иста држава различно да бидат платени.Таа алармира дека со оваа разлика ќе се зголеми недостигот на кадар – со тоа што матичните доктори ќе ги затворат амбулантите и ќе работат за поголеми плати на друго место.

“Наше е да аларамирме како Здружение на приватни доктори во Македонија. Ако се продолжи ваквиот начин на покачување во континуитет, оти они нели вклучија некаков договор со синдикатите.Ќе дојде до расцеп на висините на платите во јавно здравство и во примарно здравство.Согласно тоа логично следува понатаму кај нас да се јавува недостиг на кадар затоа што секој ќе оди кај што има повисока плата.Ова е сериозен проблем и треба сериозно да се размислува за луѓе кои имаат ист медицински факултет различно се третираат во една иста држава” – вели Лилија Чолакова Дервишова – претседател на здружението на приватни Лекари на Македонија.

Реклама

Зголемување на платите за 30%, нов колективен договор, бенефициран работен стаж побараа вчера од независниот синдикат на здравствените работници. На овие барања од ресорното министерство им одговори дека нема пари за нови покачувања на платите во јавното здравство.Оправдување на министерот Меџити му е тоа што веќе два пати се покачиле платите на здравствените работници.

Со овој песимистички одговор од министерството, се поизвесно е дека во четврток ќе има протест на вработените во здравството кои се дел од сидникатот.

Ања Лукарова