Реклама

Драма во Штип – Во четири часот наутро со багер им урнал дел од куќата и избегал

Со нова апликација за итни случаи помошта ќе се повикува побрзо, а една функција може да спаси животи

Поддршка од ЕБОР за мали и средни компании кои сакаат да котираат на берза

Манасиевски: Опозицијата прво нека се договори меѓу себе, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за разговор

Годишната инфлација во јуни меѓу најниските во регионот и по подолг период најниска во земјава

Завршена е реконструкцијата на пругата за товарен сообраќај на релација Драчево – Илинден

Директорот на Агенцијата за иселеништво Ангелов: Дијаспората бара електронско гласање

Откриена гробница стара од 4–6 век во близина на Баргала

Нова средба, но без решение: Изборните правила остануваат блокирани во Собранието

Скопје наликува на метропола – граѓаните задоволни од начинот на кој Ѓорѓиевски се фати во клинч со проблемите

Сите аргументи покажуваат дека онлајн или гласањето по пошта е решение кое ќе го подобри изборниот процес

ФЗОМ најави поевтини антикоагуланси и построги правила за препишување

Македонија

Повеќе од десетина амандмани на ребалансот на Буџетот разгледани на седницата на Комисијата за финансирање и буџет

Повеќе од десетина амандмани на Предлог-ребалансот на Буџетот поднесени од Левица, ДУИ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од десетина амандмани на Предлог-ребалансот на Буџетот поднесени од Левица, ДУИ, СДСМ се разгледани попладнево на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет и не се прифатени од заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски.

Со амандманите се бара: одвојување буџет за реализација на проектот хидроелектрана Чебрен, средства за уредување на коритото на реките Радика и Црн Дрим и критичките порои во Дебарскиот регион, средства за изградба на систем за собирање, прочистување и испуштање отпадни води во село Бањица во општина Чашка.

Дел од поднесувачите на амандманите побараа средства за реализација на проект за собирање, одведување и прочистување отпадни води во селата Горно Јаболчиште, Долно Јаболчиште и Дреново во општина Чашка, како и средства за решавање на проблемот со депониите во Кратово и во Штип.

Реклама

Претседателката на Комисијата, Сања Лукаревска објави пауза до 15 часот по што Комисијата ќе ја продолжи седницата на која се разгледуваат амандмани.

Амандманската расправа за ребалансот на Буџетот почна вчера попладне кога беа разгледани десетина амандмани. На Предлог-ребалансот поднесени се вкупно 224 амандмани.