Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Отчет на Мицкоски за две години влада: Економијата заздравува и расте

Економски раст од 3,1% наместо 2,8%, реален раст на платите од плус,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Економски раст од 3,1% наместо 2,8%, реален раст на платите од плус, наместо минус 3%, буџетски дефицит од 4% наместо 5,3%, инфлација од 4,5% наместо 14,2%. Премиерот Мицкоски со факти за двегодишното владеење споредено со она на СДСМ во време на криза. Според него, Владата успешно се справила со нафтената криза, која е поголема од трите последни енергетски кризи заедно, односно војната во Украина и оние од седумдесеттите години на минатиот век. Дополнително очекува цените на основните производи да се сведат на 3% летово. По состанокот со маркетите, тој е оптимист дека ќе се постигне заедничко ршение, бидејќи вели претерале со цените, кои мора да се намалат.

„Ако да речеме храната од први до петти месец ни пораснала за 5.4%, инаку во 2022 година храната пораснала за 21.5% кога беше кризата. Зацртавме цел во јули месец храната да биде под 3%. За да се постигне оваа цел има одредени услови. Тие услови се, каде што во еден или два закони да се направи измена, која ќе треба заеднички да ја усогласиме со дистрибутерите и со производителите и мислам дека ќе најдеме заедничко тло. Но тоа треба да ни биде заедничка цел, цената на храната да не биде зголемена над 3% на годишно ниво, За ова постоеше општ консензус, и резултат од 2.9% го сметаме за голем успех. Јас мислам и тоа дека ќе го постигнеме“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Мицкоски вели и дека градежната офанзива ќе продолжи. Со ребалансот на буџетот се додаваат дури 100 милиони евра повеќе за капитални инвестиции. Тој рече дека во моментот има историска градба истовремено на 6 автопати во Македонија. Се работи на три делници што ги гради Бехтел и  Енка, во првите три месеци догодина треба да се вози по делниците Кичево-Охрид и Прилеп – Битола, а конечно се избра и изведувач за автопатот Скопје-Блаце, односно македонската компанија Гранит.

Реклама

„Ќе ја имаме делницата Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, ќе ја имаме делницата Букојчани – Кичево, спојот меѓу автопатот на Синохидро и Бехтел и Енка, ќе се дозавршува автопатот Кичево – Охрид, почетна фаза Блаце – Скопје, во напредна фааза ќе биде Прилеп – Битола, очекувам прва половина следна година да имаме десетина километри пуштено на делницата Прилеп – Битола“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

И покрај финансиските импликации врз буџетот, земјава воведе мерки за да го спречи ценовниот раст кај горивата. Со тоа, вели Мицкоски биле постигнати најниски цени на нафтените деривати на Балканот. Премиерот смета дека во иднина треба да се искористи и потенцијалот за производство на електрична енергија од обновливи извори. Според него, доколку земјите од регионот се обединат околу енергетските проекти, тоа би можело да го зголеми заедничкиот БДП за дури 26 милијарди евра годишно. Потенцијалот на Македонија, вели Мицкоски е производство на 3 тераватчасови годишно, одноно дополнителни 3 милијарди евра годишно што е зголемување на БДП за 15%.