Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Откако ВМРО-ДПМНЕ им остави „бланко карта„ да се договорат па да кажат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откако ВМРО-ДПМНЕ им остави „бланко карта„ да се договорат па да кажат што сакаат, сега СДСМ и Левица се испокараа меѓусебе. Откако партијата на Филипче ја одби покана на Апасиев за заедничка средба со образложение дека не сакале да му прават услуга на Мицкоски во неговата кампања за предвремени избори, Левица возврати – СДСМ е против една изборна единица, зошто мисли дека така ќе го одложи сопствениот распад.

  •  Во текот на целата дебата за Изборниот законик, СДСМ не изгради ниту една препознатлива политичка позиција за суштинските прашања. Наместо да објаснат дали се за една изборна единица, дали секој глас треба да вреди еднакво и дали Македонија конечно треба да добие поправеден изборен систем, тие упорно се обидуваат дебатата да ја сведат на конспиративни теории, се вели во соопштението на Левица.

Како што е познато, СДСМ ја одби средбата тврдејќи дека станува збор само за обична престава со која му се прави услуга на ВМРО-ДПМНЕ во неговата кампања за предвремени избори.  Не го кажаа ставот за една изборна единица, но побараа странска експертиза за гласањето на нашите граѓани со привремен претстој во странство. Тврдат дека тезата на власта дека опозицијата се повлекува од преговорите за Изборниот законик затоа што се плаши од избори и пораз, е нелогична и лесно разоткриена.

  • Ако ВМРО и Мицкоски се толку силни како што тврдат, зошто толку инсистираат на закон кој овозможува неконтролирана кражба на гласовите од дијаспората? Ако се толку убедени во својата победа, зошто им е потребна изборна манипулација? Фактите се јасни: ВМРО изгуби над 150.000 гласови на последните избори.  Рејтингот на Мицкоски е на историски минимум поради секојдневните лаги и неисполнети ветувања, велат од СДСМ. 

Додека СДСМ и Левица се препукуваат, по цели четири месеци преговарање, измените во Изборниот законик остануваат блокирани. Владеачката ВМРО-ДПМНЕ остнува на ставот дека ќе прифатат секаков заеднички предлог од опозициските партии во парламентот, но повлекуваат линија на гласањето на иселениците. За нив, несериозно е по периодот од 4 месеци поминати во преговори, допрва да се бараат експерти од странство.

Реклама

-Доаѓаме до заклучок дека опозициските партии не сакаат нов изборен законик, туку сакаат блокада, со месеци се преговараше, над четри месеци, па кога требаше да се поднесе законот се повлекуваа со што заклучуваме дека опозицијата нема интерес овој закон да биде донесен и да го оствариме последниот бенчмарк што го имаме од реформската агенда, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски.

Од владејачката партија порачаа и дека најголемата последица од блокирањето на Изборниот законик од страна на СДСМ, Левица и ДУИ ќе ја почувствуваат македонските граѓани кои живеат надвор од државата. Изборниот законик е дел од реформската агенда на патот кон ЕУ. Крајниот рок да се испорачаат резултатите е 15 јули. Македонија доби пофалби за досега сработеното, но очигледно дека блокадите на изборниот законик од страна на опозицијата ќе го направат успехот нецелосен. Напредокот во реформската агенда и носи повеќе пари на Македонија од планот на раст на ЕУ. Сепак од Брисел предупредија дека изборниот законик треба да се донесе оти станува збор за многу важно прашање не само за Македонија, туку и за Унијата.