Реклама

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Македонија

Онлајн коцкањето сè поголема закана за младите

Дури 29 проценти од момчињата и 16 проценти од девојчињата на возраст…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дури 29 проценти од момчињата и 16 проценти од девојчињата на возраст од 15 до 16 години во Македонија во последната година се коцкале – укажуваат експертите. Најголемиот дел од нив не влегуваат во коцкарници, туку се коцкаат онлајн – преку платформи кои се достапни во секое време и на само еден клик.

„Она што е страшно е дека најголем број од нив се коцкаат на онлајн платформите, не со физичко присуство, така што сериозен проблем е да се регулираат само коцкарниците кои се физички присутни, затоа што тоа ќе ги шифтне младите да се коцкаат онлајн. А онлајн коцката е многу поадиктивна од оваа со одење во коцкарници, така што мора да се регулираат двете работи“, вели проф. Лијана Игњатова – Медицински факултет Скопје.

Игрите на среќа во последните години станаа лесно достапни, а нивната промоција преку реклами и јавни личности дополнително го зголемува нивното присуство.

Реклама

„Игрите на среќа станаа балканска златна кокошка во секоја држава, тоа се извори на огромни средства и веројатно никогаш ниедна држава нема да се одрече од таков прилив на средства. Игрите на среќа не се нелегални, туку со закон се дозволени, но треба да се има мерка. Тие се маркетиншки пропратени. За жал, оние кои први ќе се фатат на мамката се младите, кои не смеат да влезат во коцкарници, каде најчесто никој не ги проверува“, вели проф. д-р Расема Окич, универзитетски професор од Сараево.

Коцкањето остава тешки последици – нарушени семејни односи, долгови, депресија и зависност која го менува животот. Состојбата во регионот е алармантна, а регулативата е послаба отколку во светските центри за коцкање.

„Лас Вегас е порегулиран отколку Балканот. Со други зборови, ситуацијата на Балканот е полоша отколку во Лас Вегас. Таму игрите на среќа се забава. Патолошките коцкари се трагедија и за поединецот и за семејството. Стапката на самоубиства е голема. Депресии, долгови, криминал кој оди преку светот на лихварството“, вели проф. д-р Зоран Зоричиќ – претседател на Хрватското друштво за зависности.

Неодамна македонското Собрание изгласа строг закон за коцкање. Паралелно, институциите веќе преземаат конкретни мерки против нелегалното онлајн коцкање. Досега се затворени 358 нелегални странски онлајн платформи кои незаконски приредувале игри на среќа на територијата на државата. Станува збор за платформи кои функционирале без лиценца, без контрола и без никаква заштита за граѓаните.