Реклама

Нова средба, но без решение: Изборните правила остануваат блокирани во Собранието

Скопје наликува на метропола – граѓаните задоволни од начинот на кој Ѓорѓиевски се фати во клинч со проблемите

Сите аргументи покажуваат дека онлајн или гласањето по пошта е решение кое ќе го подобри изборниот процес

ФЗОМ најави поевтини антикоагуланси и построги правила за препишување

Храната поевтина 1,1%, транспортот за 1,6% – месечната инфлација во негатива, мерките на владата дадоа резултат

Од ривал до сојузник- Герасимовски како можно преодно решение на Филипче за смирување на страстите во СДСМ?

Богдановиќ гостин во вестите на Алфа: Филипче и неговите најблиски продолжуваат да го потонуваат СДСМ под дното.

Бесплатна правна помош – слаба информираност, мала искористеност

Повеќе од 250 хектари земјоделско земјиште изгореа во пожарот во Пробиштип

МВР работи на механизам – казни од „Сејф сити“ и за странските возила

Најмалку 120 доброволци ќе гаснат пожари без пари

„Преку езерото“ годинава од 8-15 јули во Дојран, Струмица и Гевгелија

Македонија

Од утре заеднички полициски патроли на македонски и српски полицајци во Охрид

Во Секторот за внатрешни работи Охрид денеска се одржа работен состанок со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Секторот за внатрешни работи Охрид денеска се одржа работен состанок со полициски службеници од Министерството за внатрешни работи на Србија, кои од утре до 31 август, заедно со припадници на македонската полиција, ќе патролираат низ Охрид во рамки на заеднички полициски патроли.

Активноста се реализира врз основа на Протокол за соработка за време на туристичката сезона, а од утре и официјално започнува функционирањето на мешовитите полициски патроли.

Од СВР Охрид информираат дека заедничките патроли треба да придонесат за поголема безбедност на граѓаните и на бројните туристи од Србија кои летуваат во Охрид.

Реклама

Во текот на патролирањето, српските полициски службеници ќе постапуваат согласно законодавството на Република Северна Македонија, нема да носат оружје и ќе им даваат поддршка на македонските полицајци.

Пред официјалното започнување на ангажманот, српските полицајци беа запознаени со одредбите од македонските закони за внатрешни работи и за полицијата.