Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Одземени шест возила и недвижен имот од Александар Лазаров од Кочани, поради сомнение дека се нелегално стекнати

Одземени се шест возила и недвижен имот од Александар Лазаров од Кочани,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одземени се шест возила и недвижен имот од Александар Лазаров од Кочани, поради сомнение дека се нелегално стекнати, информира поладневно Министерството за внатрешни работи.

МВР наведува дека Одделението за внатрешни работи Кочани во координација со ОЈО Кочани, по претходно преземени мерки и активности, покрај доказите кои се однесуваат на непосредно извршување на кривично дело по член 215 став 1 од КЗ, обезбедени се бројни докази кои упатуваат на постоење на основано сомнение дека Александар Лазаров располага со значителен движен и недвижен имот, стекнат со криминална активност.

Основен суд Кочани за имотот определи привремени мерки за обезбедување со привремено одземање на шест патнички возила „џип”, „порше”, „фолксваген”, „ауди”, „бмв” и „пасат”, како и недвижен имот-стан.

Реклама

ОВР Кочани, додаваат од МВР, продолжува со преземање на мерки и активности за утврдување на законитоста на стекнатиот имот.

Видеото може да го погледнете на следниот линк:

Претходно Јавното обвинителство информира дека, кој беше во бегство откако избега од Полициската станица во Кочани, е испратен на издржување притворска мерка, а јавен обвинител до Основниот суд во Кочани поднел и барање за привремено одземање на движен и недвижен имот поврзан со осомничениот за кој постои сомнение дека е поврзан со криминална активност – еден стан и вкупно шест автомобили.

Основното јавно обвинителство Кочани, како што информираат од Обвинителство, на 10 јули годинава донел Наредба за спроведување истражна постапка, која покрај овој осомничен опфаќа уште едно лице, а се однесува на кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, кое го сториле како соизвршители. 

Истрагата, како што информираат, е поведена затоа што кај осомничените, при претрес во автомобил, биле пронајдени осум грама наркотична дрога – кокаин. 

Освен тоа, јавниот обвинител до Основниот суд во Кочани поднел и барање за определување привремена мерка за обезбедување – привремено одземање на движен и недвижен имот согласно член 202 од Законот за кривичната постапка, односно имот поврзан со осомничениот за кој постои сомнение дека е поврзан со криминална активност. 

-Од преземените дејствија до овој момент постои сомнение дека еден стан и вкупно шест автомобили, од кои дел биле запишани на други лица, фактички се наоѓаат во владение и на располагање на осомничениот. Овој имот не кореспондира со неговите законски приходи, што го потврдува сомнението дека истиот претставува имот стекнат со криминална активност или имот кој служи за прикривање на незаконски стекната имотна корист – информираа од Обвинителство.

По претходно добиени оперативни информации полициски службеници од СВР Скопје – Одделение за потраги, вчера 41-годишниот Лазаров, е приведен во Полициската станица Кисела Вода. По предлог на јавниот обвинител, истиот ден на лицето му била определена мерка притвор, додека по лишувањето од слобода, јавниот обвинител денеска бил известен и лицето веднаш е испратено на издржување на притворската мерка.