Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

НП Шар Планина: Почна операција за демонтажа и изнесување на цевководите од малите хидроцентрали од долината на Лешница

Националниот парк Шар Планина соопшти дека, во координација со надлежните државни институции,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националниот парк Шар Планина соопшти дека, во координација со надлежните државни институции, започнала демонтажата и изнесувањето на цевководите од малите хидроцентрали „Пена 84“ и „Пена 85“ во долината на Лешница, оценувајќи дека станува збор за значаен чекор кон обновување на природниот екосистем.

Од НП Шар Планина посочуваат дека токму на Светскиот ден на заштитата на природата сакаат да испратат порака дека природата се штити со конкретни дела.

-Природата не се чува само со зборови. Таа се чува со дела, со знаење, со истрајност и со храброст да се донесат одлуки во нејзин интерес. На денешниот Светски ден на заштитата на природата сакаме со јавноста да споделиме една вест што претставува значаен чекор за иднината на Шар Планина. Во координација со надлежните државни институции, во тек е сложена операција за демонтажа и изнесување на цевководите од малите хидроцентрали Пена 84 и Пена 85 во долината на Лешница.  Многу планинари, љубители на природата и посетители кои во изминатите три недели ја посетија Лешница беа сведоци дека на терен се работи. Денес, на овој симболичен ден, сакаме официјално да споделиме дека започна првиот чекор кон враќање на природата во нејзината првобитна состојба, соопштија од НП Шар Планина. 

Реклама

Според нив, ова е резултат на долг и посветен институционален процес, во кој ЈУ Национален парк Шар Планина доследно ги застапуваше стручните, законските и природозаштитните аргументи пред сите надлежни институции, со јасна цел – заштита на долината на Лешница и зачувување на природните вредности на Шар Планина.

-Нашите ставови отсекогаш беа јасни и засновани на законската рамка и на стручните документи. Планот за управување со Национален парк Шар Планина јасно утврдува дека изградба на нови хидроелектрани не е дозволена во ниту една зона на заштита, бидејќи тие претставуваат една од најзначајните закани за природните вредности и за речните екосистеми.  Долината на Лешница е подрачје со исклучителни природни вредности, дел од идната Натура 2000 мрежа и Емералд подрачје, чија заштита претставува и национална и меѓународна обврска.  Истовремено, Националниот парк побара враќање на реката Пена во нејзината природна состојба, што подразбира целосна демонтажа на поставените цевководи, нивно изнесување надвор од границите на Националниот парк, отстранување на бетонските конструкции и постепена обнова на природниот речен екосистем- велат од Националниот парк. 

Цевките се носат до паркингот на ски центарот „Попова Шапка“, од каде ќе бидат преземени за понатамошни постапки.