Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

Николоски: Нов импулс за Коридорот 10, Македонија станува поконкурентна за карго транспорт

Нова важна алка во железничкиот сообраќај. Со пуштањето во функција на железничката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова важна алка во железничкиот сообраќај. Со пуштањето во функција на железничката обиколница околу Скопје, надлежните очекуваат побрз транспорт, намалување на метежот и подобро поврзување на земјава со регионалните коридори.

Ќе значи многу за движењето на коридор 10 и тоа првин од еколошки аспект. Видов коментари дека не влегувале карго возовите во Скопје и тоа е делумно точно и тоа пред 30-40 години кога првпат била изградена оваа обиколница тоа било така. Но, со девастирањето и со пропаѓањето кое што го направија СДСМ во неколку нивни влади на државата за жал овок Коридор не се користеше. – изјави Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт.

Се работи и на забрзување на протокот на граничните премини, наскоро на железничкото поврзување меѓу Македонија и Грција ќе профункционира ,,One Stop Shop” – сите формалности ќе се завршуваат на едно место.

Реклама

Со тоа Македонија ќе биде поатрактивна за карго сообраќај. Тоа е добро и за Гевгелија затоа што Коридорот 10 поминува токму тука низ градов и уште еден проект кој заеднички го сработивме, многу ќе помогне и за Гевгелија, тоа е дека воведовме „ONE STOP SHOP“ на железничката граница помеѓу Македонија и Грција. – изјави Николоски.

Ова се само дел од инвестициите во железничката мрежа. Неодамна беше пуштена во употреба делницата од Куманово до Бељаковце, а сега се работи на поврзувањето на Бељаковце со Крива Паланка, дел од коридорот 8. Се работи на модернизација на пругата кон Кичево со план таа во иднина да се поврзе со албанската граница. Паралелно се работи и на воведување на градскиот воз во Скопје кој треба да ги поврзе сите приградски населби и значително да го подобри јавниот транспорт во метрополата. Најамбиционзен проект треба да биде изградбата на брза пруга долж коридорот 10 односно.