Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Свет

Не се случи „црвениот бран“ на Трамп, што го најавуваше пред конгресните избори во САД

Демократот Џон Фетерман забележа победа во тесната трка со познатиот лекар Мехмет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Демократот Џон Фетерман забележа победа во тесната трка со познатиот лекар Мехмет Оз, кој беше поддржан од поранешниот претседател Доналд Трамп.

Фетерман, кој инаку закрепнува од мозочен удар, им се заблагодари на своите поддржувачи за нивните напори.

Вечерва, поради тоа ќе бидам следниот американски сенатор од Пенсилванија“, рече тој.

Реклама

Писателот и капиталист Џеј Ди Венс поддржан од Трамп, освои место во сенатот во Охајо пред демократот Тим Рајан.

Но, во Пенсилванија, демократот Џош Шапиро го зазеде гувернерското место пред кандидатот поддржан од Трамп, Даг Мастриано.

Демократската сенаторка од Њу Хемпшир, Меги Хасан, го победи Дон Болдук, поддржан од Трамп, кој го призна поразот во вторникот.

Почестен сум што имав можност да ја претставувам Републиканската партија во трката за Сенатот на САД овде во Њу Хемпшир“, рече Болдук.

Гретчен Витмер беше реизбрана за гувернерка на Мичиген, победувајќи го републиканецот Тудор Диксон поддржан од Трамп.

„Оваа победа не потсетува сите дека нашиот гувернер не припаѓа на ниту една личност или политичка партија. Тоа ни припаѓа на сите нас“, вели таа.

Меѓу оние што се враќаат во Конгресот, сојузничката на Трамп и конзервативка Марџори Тејлор Грин, претставничка од Џорџија, и уште еден сојузник на Трамп, сенаторот Рон Џонсон од Висконсин.

Меѓу оние што не се вратија, конгресменката Лиз Чејни од Вајоминг, која одигра централна улога на сослушувањата на 6 јануари, на кои се испитуваше улогата на Трамп во нападот врз Конгресот во 2021 година.

Чејни беше победена на републиканските прелиминарни избори од лојалистката на Трамп, Хариет Хејгеман, која победи на општите избори.

Сè уште нерешена, трката за гувернер на Аризона меѓу Кари Лејк поддржана од Трамп и демократката Кејти Хобс. И трката за Сенатот во Аризона меѓу Блејк Мастерс поддржан од Трамп и актуелниот демократ Марк Кели. Неопределена е и трката за Сенатот на Џорџија меѓу актуелниот претседател Рафаел Ворнок и неговиот противкандидат Хершел Вокер поддржан од Трамп.

Пребројувањето на гласовите ќе го одреди составот на Конгресот и идната насока на двете партии.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон