Реклама

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Македонија

Мицкоски стравува од уставна и политичка криза – апелира партиите да ги договарат деталите за избори

Креирањето штапски анкети што ги лиферуваат медиумите блиски до власта е проблем на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Креирањето штапски анкети што ги лиферуваат медиумите блиски до власта е проблем на владејачките партии и го покажува нивниот страв и паника – порачува лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Вели, вистинските бројки ќе се откријат на избори и Мицкоски ги повикува владејачките партии што поскоро да се закажат изборите.  

  • „Јасни се мерењата на јавното мислење и ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од два пати поголема предност во однос на СДСМ што е историски најголема и досега не се случило опозициска партија да има толкава предност во однос на владејачка партија“ – рече Мицкоски.

22 имиња во партијата на Мицкоски ќе се борат за кандидатското место за претседател од редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата. Крајот на јануари односно почетокот на февруари партиска конвенција ќе пречесе со кој кандидат ќе влезе во борба за претседателската фотелја.

  • „Списокот ќе биде намален во периодот што следи и очекуваме да имаме јасна претстава кој кандидат ќе биде идниот претседател на Македонија, бидејќи сум убеден, а тоа го говори и јавното мислење, дека претседателскиот кандидат кој ќе биде поддржан од ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг ќе има најмалку 100.000 гласа повеќе од претседателскиот кандидат на СДСМ. Затоа сум загрижен дека ќе има демотивација кај СДСМ и кај нивните коалициски партнери кои се дел од албанскиот блок. Се плашам дека тоа може да нѐ воведе во уставна и во политичка криза поради неисполнување на цензусот“ – истакна Мицкоски.

Стравувајќи од уставна криза, Мицкоски апелира да се одржи лидерска, и кога таа средба и да се случи би одел за да ги аргументира ставовите на опозциијата, но и да се фиксираат датумите за претседателските и за парламентарните избори.