Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Мицкоски: Ситнодушноста на власта не и дозволува да види дека ВМРО е на секој Македонец

Македонскиот идеал е пиреј. Колку и да го корнеш, тој пак се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот идеал е пиреј. Колку и да го корнеш, тој пак се издигнува. Денес се сеќаваме на хероите кои платиле скапо, за слободата која ја живееме сите ние. Ова се дел од пораките кои беа испратени на свеченото одбележување на 130 години од Внатрешната македонска револуционерна организација. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека сега е време за повторно обединување под македонското знаме, како пред 130 години. Според Мицкоски, тоа што се помалку се одбележува овој ден од страна на власта, е ситнодушност која не им дозволува да видат дека ВМРО е на секој еден Македонец.

-И народот е организацијата, и организацијата е народот не само поради тоа што постои папочна врвка меѓу овие две работи туку и затоа што еве веќе 130 години тлее огнот кој се роди како природно ехо на стотиците и стотици години поминати во ропство и стотици и стотици години на самодокажување и борба за слобода низ едно тешко време. Шестмината револуционери интелектуалци: Дамјан Груев, д-р Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев и Андон Димитров го почнаа делото, ја формираа организацијата на овој ден, но и илјадници други исто така толку големи како и овие оставија белег во борбата за слобода и беа дел од ВМРО. Токму ваквата бурна историја на востанија, буни, постојаниот немир против неправдите многу ги чинеше синовите и ќерките на организацијата кои оставаа семејства, се двоеја татковци од деца, мајки од своите чеда, за да ги положат животите за Македонија, истакна Мицкоски.

И зариваат нож на правдата иако дојдоа во фотелјите со „нема правда нема мир“ – вели Мицкоски за целокупната состојба во македонското правосудство. Зборувајќи за осудениците од 27 април, рече дека додека постои ВМРО-ДПМНЕ, таа работа не е завршена.

Реклама

Мицкоски му порача на премиерот да земе бел лист хартија и да напише било кој датум сака за одржување на парламетарни и претседателски избори помеѓу двата најголеми верски празника, на пролет. Според него, преку одбегнување да се договори датум за избори, Владата оди кон свесно предизвикување уставна и политичка криза.

Адријана Алексиеска