Реклама

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

Свет

Мицкоски за српска „Политика“: Ако Уставот беше услов за ЕУ, веќе ќе бевме членка и шампион на Унијата

Македонија за 30 години го измени Уставот повеќе од сите членки на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија за 30 години го измени Уставот повеќе од сите членки на ЕУ заедно. Ако тоа беше условот на Брисел, досега ќе бевме членка и шампион на Европската Унија, вели во интервју за српска „Политика“ Христијан Мицкоски. Лидерот на опозицијата прашува која е гаранцијата дека овие уставни измени ќе бидат последни, дека утре нема да се бараат нови промени кои се од идентитески карактер или нема да се бара ново минимизирање и бришење на АСНОМ како темел на македонската државност. Според Мицкоски од Бугарија стигнуваат сигнали, кои веќе отворено го негираат Илинденското востание и неговиот карактер, за што повторно немаше никаква реакција од страна на Министерството за надворешни работи.

-Ако промена на Уставот е услов за ЕУ, тогаш Македонија ќе беше членка и шампион на ЕУ, затоа што во овие триесет години имаме измени на Устав колку сите земји членки заедно. Тоа им го кажуваме јасно и гласно на нашите партнери од меѓународната заедница. Партнерството е двонасочна улица која се базира на почитување. Институционалните гаранции од страна на ЕУ се еден мал чекор за нив, но големо охрабрување за нас дека европскиот пат не е подвижна цел, туку нешто што е остварливо, вели Мицкоски.

Мицкоски останува цврст на ставот дека прво треба да се одржат избори, па потоа да се разговара за евентуални уставни измени. Порачува дека изборите се демократски чин, и начин народот да се произнесе за политичките процеси во една земја и да даде мандат за тоа дали и под кои услови ќе се менува македонскиот Устав.

Реклама

-Консензусот кој јавноста го бараше, а кој се однесуваше на тоа историските и идентитетските теми да останат надвор од преговорите, кој се однесуваше на некаков реципроцитет и позитивен сигнал и институционални гаранции од страна на ЕУ и Бугарија се добра основа на која идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори за европската иднина, вели Мицкоски.

Запрашан за понудата од премиерот да влезат во Влада со оставките на министрите на ДУИ, Мицкоски кажа дека ним власт заради власт не им треба, избори во Македонија ќе има порано или подоцна. Порачува дека учеството во влада во која нема да бидат дел инкриминираните структури на СДСМ и ДУИ, може само да помогне од вадењето на државата од тонењето кое се случува секој ден.

Матеја Петровски