Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Мицкоски: Ги повикувам сите граѓани на кои им било побарано поткуп да пријават корупција, ќе има и бесплатна линија

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервју за подкастот „Риштази“ рече дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервју за подкастот „Риштази“ рече дека во соработка со Министерството за внатрешни работи и реномирана невладина меѓународна организација ќе се отвори линија „Пријави корупција“ каде што граѓаните на кои им е побарано мито ќе можат да пријават.
 
-Ние покажавме и докажавме дека сме подготвени и способни да правиме реформи. И тоа се покажа со декемврискиот извештај од реформската агенда, сега ќе се покаже и во јунскиот, односно на 15 јули репортиравме до самата Европска Унија. Системот, стандардот, реформите го прават луѓето. Еве почнавме со Гостивар, каква сакате направете реформа ако вие имате луѓе кои се неодговорни и кои што се однесуваат неодговорно за бадијала ви е вас таа реформа.  Ако ние не сфатиме дека се тргнува од нас, тогаш ние на хартија најбрилијантните реформи ќе ги ставиме ќе ги поминеме низ Влада и низ Парламент и сето тоа ќе биде перфектно, но, ако нема кој да го применува и прифати за бадијала ни е нас, рече Мицкоски.

Кога зборуваме за перцепцијата околу корупцијата, додаде, ќе споделам со вас еден момент.

-Пред извесно време ни презентираа една анкета која што е работена од реномирана куќа за реномирана странска институција. И таму во таа анкета беа опфатени локалните институции и државните институции. На прашањето дали има корупција во вашата институција или во државата, 80 проценти велат да има. На второто прашање дали вие сте биле предмет на корупција или познавате некој на општинско ниво под 5 проценти од испитаниците, а на централно ниво под 3 проценти. Што сакам со ова да кажам? Создадена е перцепција, нашиот народ повозрасните велат очи да ти извадат, муабет да не ти извадат. Создадена е перцепцијата, никој нема дилема. Но кога ќе ги прашате тогаш ќе видите дека системот поинаку функционира. И сега што направивме ние? Се надевам дека од август ќе почне да функционира заедно со министерот за внатрешни работи и со една реномирана невладина меѓународна организација имавме состанок на кој што состанок се договоривме, таа институција невладина меѓународна организација да води еден процес „Пријави корупција“. А тој ќе биде придружен со натписи, налепници во сите општински и државни институции – посочи Мицкоски.

Реклама

Чим луѓето изградиле таква перцепција, чим тој стереотип е присутен, нагласи, тоа значи дека  немаат доверба во институциите.

-Ако е така, тогаш еве оваа нека биде носител, а ние ќе ја подржиме. Ако пријавиш корупција тогаш ние ќе можеме да делуваме, но ако ти молчиш и не пријавуваш, тогаш ние не можеме да дејствуваме, порача Мицкоски