Реклама

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

„Еуростандард банка“ била намерно втурната во стечај со долг од над 27 милиони евра – Поднесено обв инение за раководството

Драма во Штип – Во четири часот наутро со багер им урнал дел од куќата и избегал

Со нова апликација за итни случаи помошта ќе се повикува побрзо, а една функција може да спаси животи

Поддршка од ЕБОР за мали и средни компании кои сакаат да котираат на берза

Манасиевски: Опозицијата прво нека се договори меѓу себе, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за разговор

Годишната инфлација во јуни меѓу најниските во регионот и по подолг период најниска во земјава

Завршена е реконструкцијата на пругата за товарен сообраќај на релација Драчево – Илинден

Директорот на Агенцијата за иселеништво Ангелов: Дијаспората бара електронско гласање

Откриена гробница стара од 4–6 век во близина на Баргала

Нова средба, но без решение: Изборните правила остануваат блокирани во Собранието

Македонија

Мисајловски: Македонија поздравена како држава која дава значителен придонес во НАТО

Освен потребата од унапредување на соработката меѓу земјите-членки на Алијансата, на Самитот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Освен потребата од унапредување на соработката меѓу земјите-членки на Алијансата, на Самитот на НАТО во Анкара била потенцирана и заедничката одбранбена и безбедносна политика на европските земји, порака која се повеќе добивала на интензитет, при што Македонија била поздравена од голем број држави како земја, која иако мала во споредба со многу други, сепак дава свој значителен придонес во рамки на процесите на Алијансата.

Ова го потенцира денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски во заедничката изјава што ја дадоа со претседателката и врховен командант на вооружените сили на Македонија Гордана Сиљановска Давкова и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, по завршувањето на Самитот.

-Многу е важна пораката што ја имаме од сите европски земји дека имаме заедничката безбедносна и одбранбена политика и дека треба да припаднеме таму, тоа е одлична порака која заеднички треба да ја споделуваме и го правиме тоа и затоа ако во рамките на НАТО сме семејство на исто ниво, тоа треба да важи и за Европската Унија – рече Мисајловски и додаде дека повеќе држави не поздравиле, како земја, која иако мала, дава свој придонес.

Реклама

Министерот нагласи дека претседателката, која ја предводеше македонската делегација имала одличен прием и достоинствено ја претставила нашата држава.

На самитот, додаде Мисајловски, меѓудругото се разговарало и за зголемувањето на учеството на БДП во одбраната, при што напомена дека ние како држава веќе издвојува околу четири проценти од БДП за одбрана и сродни трошоци, што е значаен придонес во насока на заедничката цел на Алијансата за достигнување пет проценти до 2035 година. 

Министерот оцени дека ова бил убав Самит, од кој била испратена моќна порака за солидарност, а на него меѓудругото се разговарало и за актуелните светски случувања, влијанието на Кина, за случувањата во Украина, Иран…

Муцунски  информира дека присуствувал на состанокот на министрите за надворешни работи од земјите од НАТО и на потписничките на Истанбулската конвенција, како и со голем број земји од Арапскиот залив, каде што се зборувало за состојбите поврзани со конфликтот со Иран, но и за политичката, безбедносната, но и економско-социјалната состојба во Европа и во светот. Министерот додаде дека присустувал и на состанок на министри за надворешни работи на НАТО земјите плус Украина, на кој учествувала и високата претставничка на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика.

Муцунски остварил и средба со Том Берендсен, министер за надворешни работи на Холандија, со кого разговарале за билатералните односи, регионалните и европските прашања, како и за партнерството во рамки на Алијансата.

-Во фокусот на таа средба беа билатералните односи помеѓу двете држави, нашата соработка во рамките на НАТО Алијансата, зборувавме секако и прашања поврзани со европската интеграција, за Холандија која што е земја која што својот фокус го става на прашањата поврзани со внатрешните реформи…исто така издвоивме време да зборуваме и за некои инвестициски проекти за кои веќе двете држави дискутираат. Се надеваме дека во скорешен период ќе можеме да  ги претставиме и пред јавноста – рече Муцунски. 

Лидерите на НАТО денеска ја потврдија својата „железна посветеност“ на колективната одбрана и единството на Алијансата, изјавувајќи дека „напад врз еден е напад врз сите“ во декларацијата на самитот усвоена во Анкара.

Во Декларацијата од самитот во Анкара се вели дека сојузниците остануваат посветени на Член 5 од Вашингтонскиот договор, трансатлантската врска и пристапот од 360 степени кон одвраќањето и одбраната, опишувајќи го „единството, солидарноста и колективната сила како основа на мирот, безбедноста и просперитетот“ за едната милијарда граѓани на алијансата. Наведувајќи ја Русија како долгорочна закана за евроатлантската безбедност, а тероризмот како постојан предизвик, сојузниците наведоа дека европските членки и Канада минатата година ги зголемија инвестициите во основните одбранбени потреби за повеќе од 139 милијарди долари, пренесе Анадолија.